Audi A4

Audi A4 е на пазарот околу 25 години и до сега се произведени повеќе од 7,5 милиони примероци.Најпродаваниот модел на компанијата сега доби фејслифт кој има променет надворешен изглед, нови мотори и малку променет ентериер.
Сегашната, петта генерација на А4 е веќе четири години на пазарот, но со претставувањето на новата BMW Серија 3, фејслифт моделот на Jaguar XE, новото Volvo S60 и фејсллифт моделот на Mercedes-Benz C-класа, Audi A4 некако како да заостануваше. Затоа Audi реши да го поднови својот најпродаван модел и тоа во исто време ги претстави сите верзии на А4-седан, караван и Allroad. А само хаубата, багажникот и покривот остануваат исти од претходниот модел.

Најголемите промени се на предниот дел, добива поголеми отвори за воздух заедно со целосно нов преден браник, а маската сега е поширока и е поставена пониско од порано и во зависност од нивото на опрема се добива различен дизајн.Нови се и предните LED светла кој сега се стандард на сите модели, а како опција достапни се Matrix LED светла.Назад исто така, добива нов браник и нови LED задни светла кои се слични на тие напред.Предните и задните крила сега добиваат поостри рабови над тркалата.Со промените на каросеријата новиот А4 е 5мм поширок и 22мм подолг од претходниот модел.

Внатре, ентериерот останува многу сличен како и до сега, но дисплејот за infotainment системот е поголем и е поставен на горниот дел од централната конзола.Големината на новиот дисплеј е 10.1 инчи и сега има подобра графика и екран осетлив на допир.Старото тркалце за infotainment системот кое беше поставено во средината на централната конзола е тргнато и на тоа место сега е поставен менувачот. Виртуелниот кокпит, исто така е малку дотеран и има различни дизајни.Head-up дисплеј е достапен како опција и како и досега, достапни се голем број на опционални пакети за понатамошна надградба на ентериерот.

Најбитните новости овој пат се под хаубата, освен 2.0(40 TDI) и 3.0(50 TDI) дизел моторите, сите други добиваат mild-hybrid технологија.
Двата нови 2.0-литарски дизел мотори – 30 TDI кој има 136 коњски сили и 35 TDI кој има 163 коњски сили, како и три 2.0-литарски турбо-бензински мотори ( 35 TFSI со 150КС, 40 TFSI со 190КС и најјакиот 45 TFSI со 245КС), одсега сите овие се опремени со 12-волтен електричен систем за mild-hybrid и електричниот компресор.
Спортската S4 верзија, наместо стариот 3.0-литарски V6 турбо-бензинец, сега добива 3.0-литарски TDI дизел мотор со 346 коњски сили и 48-волтен mild-hybrid систем кој развива 700 Nm вртежен момент.
Продажбата на новиот Audi A4 би требало да започне во Септември оваа година.

ГАЛЕРИЈА

Виктор Чемерикиќ

Виктор Чемерикиќ

Љубител на автомобили уште од 1997, основач на вебсајтот ”CarsByVik” и професионален автомобилски фотограф.

Остави коментар