Opel Corsa нижи успех до успех. Според бројките за регистрација за 2024 година од Федералната управа за моторен транспорт, овој мал автомобил е најпродаваниот мал автомобил во Германија четврта година по ред!
Сепак, ова не е причина Opel да застане тука. Наместо тоа, производителот сега го прави малиот автомобил уште попривлечен за клиентите, со новото специјално издание Opel Corsa YES. Следејќи го успешното издание YES минатата година, купувачите на Corsa сега можат да избираат од три ексклузивни бои. Во зелена Eukalyptus, сина Kobalt и црвена Kiss Red, агилниот мал автомобил изгледа уште поатрактивно. Бројни карактеристики од GS нивото на опременост се вклучени како стандард и клиентите можат да избираат помеѓу електричната верзија, 48 V hybrid технологија или ефикасен мотор со внатрешно согорување.
Да одговориме на прашањето : Дали постои стилски, мал секојдневен херој – “Yes, of Corsa!” „Модерниот изглед изработен со традиционална германска прецизност, преточен во специјално колоритно издание ја прави оваа Opel Corsa уште повозбудлива и повпечатлива. “Yes, of Corsa” е изрека која е веќе многу препознатлива на нашиот пазар и нам ни е посебно драго кога можеме да слушнеме како минувачите ја користат, како знак на препознавање за Opel Corsa.
Па така, навистина можам да кажам дека Opel Corsa е посакуван автомобил во Македонија, a тоа го потврдуваат и продажните бројки. Очекуваме со ова освежено и добро опремено издание да привлечеме уште повеќе погледи и да ги придобиеме потенцијалните клиенти со атрактивна цена.“ – Изјави Драган Јовев – Продукт Менаџер за Opel Македонија.
Стилскиот изглед на Corsa YES е дополнително истакнат со стандардниот црн кров, како и црниот Blitz на Opel Vizor и натписот CORSA на задниот дел. Овој специјален модел доаѓа и со 16-инчни двобојни фелни како стандард. Нагласувањата во внатрешноста што одговараат на соодветната надворешна боја се обезбедени со украсните елементи во зелена, сина или црвена боја. Ергономски спортски предни седишта во црна боја удобно и цврсто го држат телото при свиоци. За дополнително уживање во возењето, во понуда е опционалниот Комфорт пакет со функција за повеќестепено греење на седиштата во предниот ред и загревање на кожниот управувач.
Оние кои бараат уживање во возењето без издувни гасови, можат да изберат Opel Corsa Electric YES . Покрај ефикасната топлинска пумпа, електричното возило опционално доаѓа со трифазен вграден полнач од 11 kW.