Новото Porsche 911 пристигна во Македонија!

Осмата генерација на моделот 911 беше претставена при крајот на 2018 година, а сега пристигна и во салонот на Porsche во Скопје.

Надворешниот дизајн е прилично сменет од претходниот модел.Задниот дел, особено кај задните тркала е малку поширок.Предниот дел е поширок за 45мм, а кул детал е тоа што рачките на вратите кога ќе го одклучите возилот електронски излегуваат.Комплетно нови се и предните и задните споени LED светла.Carrera моделот има 19 инчни бандажи напред и 20 инчни бандажи назад, а Carrera S има за еден број поголеми и напред и назад.Исто така, на овој модел освен предните и задните делови, целото тело е направено од алуминиум.

Внатрешноста е комплетно сменета, едноставен дизајн со прави линии кој изгледа подобро од кога било.Инструмент таблата влече инспирација од 911 моделите од 1970 година, во средината е поставен аналоген мерач на вртежи-што е типично за Porsche, а од страните се поставени два дигитални екрани.На централната конзола сега има поголем 10.9 инчен дисплеј, а стандард добивате онлајн навигација и Porsche Connect Plus.

Новата генерација на 3.0 турбо-боксер мотори се доста помоќни и 911 започнува со моделот Carrera кој има 385 коњски сили, а Carrera S сега има 450 коњски сили и забрзувањето до 100 км/ч трае 3.7 секунди.Сега за сега се нуди само со комплетно нов 8-степен автоматски менувач со двојна спојка, а подоцна во понудата би требало да има и мануелен менувач.

Изложениот модел е Carrera 4S кој го има 3.0 турбо-боксер мотор со 450 коњски сили и погон на сите четири тркала. 100 км/ч постигнува за 3.6 секунди што е за 0.4 секунди побрзо од претходната генерација, а максималната брзина изнесува 306 км/ч.

Повеќе информации за возилото може да најдете на https://www.porsche.com/central-eastern-europe/en/_macedonia_/models/911/ или да го посетите продажниот салон на Porsche во Скопје!