Новиот Plug-in Hybrid Volkswagen Passat GTE пристигна во Македонија

Volkswagen Passat неодамна доби мало освежување, а во Македонија пристигна и Plug-in хибридната изведба на овој модел, наречена GTE!

Новиот фејслифт модел сега има зголемен електричен опсег и благодарение на поголемата батерија(која е за 31% поголема од таа во претходниот модел) сега, само на електричен погон може да помине до 56 километри. Погонот кој го има Passat GTE е комбинација на турбо-бензински(TSI) мотор со 156 коњски сили, електромотор со 115 коњски сили и батерија со капацитет од 13kWh. Вкупната системска моќност е 218 коњски сили и 400Nm вртежен момент. Силата се пренесува на предните тркала преку DSG автоматски менувач. Може да одберете помеѓу три режими на работа- „EV”(само на електрична енергија), „Hybrid”(комбинација на електромоторот и турбо бензинскиот) и спортски „GTE” режим(работи со вкупна системска моќ од 218 коњски сили). Освен оваа седан изведба, Passat GTE е достапен и во караванска изведба.

Надворешниот изглед е исто така освежен со нови браници, нови Full LED светла напред и назад, како и нови бандажи и бои. Во споредба со стандардниот Passat, овој GTE модел изгледа многу поагресивно и поспортски. Во стандардната опрема добивате, Full LED предни и задни светла, 17-инчни бандажи, спортска суспензија и многу друго.

Ентериерот, исто така е освежен и сега е достапен со многу нови технологии. Стандардно доаѓа со дигитална инструмент табла, 9.2-инчен дисплеј за infotainment системот, автоматски 3-зонски клима уред, амбиентално осветлување, паркинг сензори напред и назад и друго…

Новиот Volkswagen Passat GTE моментално е со акциска цена од 39.900€ или 454€ месечна рата преку Порше лизинг финансирање.

Повеќе информации за возилото може да најдете на https://www.volkswagen.com.mk/ или да го посетите продажниот салон на Volkswagen.