Во салонот на Lynk & Co пристигна уште еден новитет – овој пат станува збор за големиот и луксузен 08. Кинезите не се фокусираат само на електричните автомобили, туку и многу инвестираат во хибриди. Овие всушност стануваат едни од најефикасните во светот. Lynk & Co 08 го потврдува тоа – поминува 1000 километри со полн резервоар за гориво и полна батерија.
На овој бренд му оди доста добро во Европа, моделот 01 се здоби со големо признание во неколку земји, бидејќи чинеше малку и нудеше навистина добри решенија. После тоа се појави целосно електричниот модел 02 кој исто така нуди одлична вредност за парите. А сега е време за едно ново поглавје со новиот plug-in хибриден 08.
Lynk & Co 08 е голем SUV за разумни пари. Ова е веројатно најголемото изненадување. Кинезите се одлучија за целосно нова погонска архитектура. Под хаубата има 1.5-литарски турбо бензинец кој испорачува 137 коњски сили и е дополнително спарен со електромотор кој испорачува 208 коњски сили. Па така, вкупната системска моќност тука е импресивни 345 коњски сили и 580 Nm вртежен момент. Забрзувањето до 100 км/ч трае 6.8 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 185 км/ч.
Друг интересен факт е тоа што погонот добива и голема батерија од 39.6 kWh, а ова значи досег само на струја до 200 километри. Дополнително, резервоарот за гориво изнесува 60 литри, па така вкупниот досег на 08 е повеќе од 1000 километри – навистина импресивен резултат.
Во однос на полнењето на батеријата, автомобилот поддржува полнење на DC брз полнач со моќност до 85 KW и на ваков полнач потребни се 33 минути за батеријата да се наполни од 10 до 80%. На стандарден AC полнач времето на полнење изнесува 4,5 часа.
Надворешниот дизајн на 08 е модерен и малку различен од другите модели на брендот и на прв поглед навистина импресионира. Инаку автомобилот е долг 4.8 метри, а тоа значи многу простор во внатрешноста, како и голем багажен простор од 600 литри.
Во кабината премиум чувството е веднаш приметливо, а тука се огромниот 15.4-инчен екран за инфозабавниот систем, како и 12.3-инчниот екран за инструмент таблата. Материјалите се со врвен квалитет, а целиот концепт со минималистички стил – физички копчиња нема да најдете тука.
Lynk & Co 08 е достапен во две нивоа на опременост – Core и More. Стандардната опрема која се добива и во првото ниво е навистина многу долга, а како што кажува и името на второто ниво – тука добивате повеќе работи како што се: предни седишта со масажа и вентилација, задни седишта со греење, Harman/Kardon аудио систем, внатрешна селфи камера, 21-инчни алуминиумски фелни и многу друго.
Повеќе информации за автомобилот може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Lynk & Co во Скопје.
























