Peugeot 208

Новата втора генерација на популарниот 208 пристигна во салонот на Peugeot во Скопје!

Новиот модел е поставен на новата CMP платформа на PSA и во споредба со претходниот модел сега е полесен за 30 килограми и има многу подобра аеродинамика, како и зголемени димензии. Надворешниот дизајн на новиот 208 влече инспирација од моделот 508 и го има најатрактивниот изглед во Б сегментот.

Ентериерот во возилото е уште поинтересен од надворешниот изглед и има многу драматичен дизајн. Опремен е со најновата генерација на i-Cockpit 3D кој користи футуристички 3D холографски дисплеј. Infotainment системот е достапен во три големини- 5-инчен, 7-инчен или 10-инчен дисплеј. Повеќето контроли се интегрирани во infotainment системот со што поставувањето на физички копчиња е сведено на минимум.

Новиот Peugeot 208 е достапен со три турбо-бензински и еден дизел мотор. Сите бензински мотори се 1.2-литарски, но со различна моќност. Понудата започнува со 75 коњски сили и 5 степен мануелен менувач, 100 коњски сили и 6 степен мануелен или 8 степен автоматски менувач и најмоќниот мотор е со 130 коњски сили и доаѓа само со 8 степен автоматски менувач. Дизел моторот е 1.5-литарски со 100 коњски сили и е достапен само со 6 степен мануелен менувач.

Освен овие верзии со конвенционални мотори, достапна е и целосно електрична верзија, наречена e-208. Електричната верзија има 136 коњски сили и 260Nm вртежен момент, а според WLTP стандардите овој модел со едно полнење може да помине до 340 километри. Наскоро во салоните на еуроимпекс ќе пристигне и овој целосно електричен модел!

За повеќе информации околу возилото посетете го продажниот салон на Peugeot!

ГАЛЕРИЈА

Виктор Чемерикиќ

Виктор Чемерикиќ

Љубител на автомобили уште од 1997, основач на вебсајтот ”CarsByVik” и професионален автомобилски фотограф.

Остави коментар