Новиот Mitsubishi L200 пристигна во Македонија!

Новиот модел може да се пофали со комплетно нов помодерен дизајн на надворешноста, нов мотор и според јапонскиот производител сега нуди многу подобро возење. Исто така, овој модел нуди и многу дополнителни технологии во споредба со претходниот модел, а вклучува и цел безбедносен пакет со сите најнови технологии.

Однадвор, новиот L200 го добива Dynamic Shield дизајнот на предниот дел кој сега му дава многу поробустен и подинамичен изглед. Подигната е и хаубата која е дизајнирана да ја подобри видливоста и да го зголеми визуелното присуство на возилото. Променети се и задните крила за да се добие тој мускулест изглед. Достапни се и нови 18-инчни алуминиумски бандажи, како и нови LED светла.

Во внатрешноста, L200 сега има поквалитетни материјали во целата кабина, како и нови седишта кои нудат зголемена удобност. Променета е и инструмент таблата, а новиот модел сега добива и LCD екран на допир за infotainment системот. Додадени се и плус места во кабината за одлагање на ситници и нов кожен мултифункционален управувач кој има опција за греење.

Mitsubishi вели дека има големи и значајни промени и во целото подвозје на возилото за да се добие уште подобро искуство зад управувачот. Има цел нов систем за погонот, кој е на сите четири тркала и доаѓа со hill descent control и off-road mode. Исто така, вградени се и поголеми сопирачки, а суспензијата е променета за автомобилот да биде поудобен и поагилен во кривини. Најголемата промена е новиот 2.2-литарски турбо дизел мотор кој има 150 коњски сили и 400Nm вртежен момент. Стандардно доаѓа со 6-степен мануелен менувач, а сега како опција достапен е и нов 6-степен автоматски менувач.

За прв пат до сега, L200 е достапен со Blind spot assist, autonomous emergency braking, lane keep assist, како и систем за помош при влечење на приколка кој го детектира навалувањето на приколката и автоматски ги активира сопирачките или додава гас за да ја одржи приколката во права линија.

Цената за Mitsubishi L200 INVITE изнесува 27.480€.