Mitsubishi го искористи името Eclipse за својот нов мал SUV модел како паралела помеѓу спортскиот Eclipse кој беше прекинат со производство во 2012 година и на тоа име e додадено Cross бидејќи се работи за SUV модел со форма на купе. Надворешниот дизајн е спортски и сосема различен од сите други модели во оваа класа.
Во ентериерот повеќето материјали се од доста добар квалитет, а има и делови на централната конзола и на вратите кои се во сјајно црна и сребрена боја за полуксузен изглед, кул е тоа што добивате touchpad контролер за infotainment системот, head-up дисплеј и уште многу нови технологии.
Достапни се четири нивоа на опрема- Invite, Intense, Intense+ и Instyle-Сите нивоа вклучуваат доста богата стандардна опрема.
Eclipse Cross доаѓа со нов 1.5 турбо-бензински мотор со 163 коњски сили и 250Nm вртежен момент.Силата ја пренесува на предните тркала, а како опција достапен е и 4WD систем.Исто така, може да одберете помеѓу 6-степен мануелен менувач или автоматски CVT менувач.
Почетната цена за Mitsubishi Eclipse Cross изнесува 23.980€.
Повеќе информации може да најдете на https://www.mitsubishimotors.mk/eclipse-cross-2019-1/#!section-cc или да го посетите продажниот салон на Мак Ауто Стар каде што ќе може и да го видите новиот Mitsubishi Eclipse Cross.












