Mercedes-Benz GLA

Новата генерација на најмалиот SUV модел во гамата на Mercedes-Benz пристигна во салонот на МакАутоСтар!

Новиот GLA е почетниот модел меѓу осумте достапни SUV возила на Mercedes-Benz. Новиот GLA во споредба со својот претходник, нуди многу новини, како во однос на технологијата, така и во однос на димензиите.

Спортските испакнатини на предниот капак на моторот, заедно со 20-инчните тркала, оддаваат слика на силна уверливост. Страничните контури на возилото ја истакнуваат неговата динамичност и елеганција, кои всушност се една интересна игра на светлината и сенките.

„Големата побарувачка за нашите SUV возила покажува дека можеме да понудиме вистински модел во овој сегмент. За да излеземе во пресрет на желбите на купувачите, достапни се моделите GLB и GLA, две off-road возила кои совршено се надополнуваат меѓусебно. GLB се истакнува со својата функционалност и просторност, додека новиот GLA е позициониран како спортски и лајфстајл SUV“, изјави шефот на одделот за дизајн во Дајмлер, Горден Вагенер.

Внатрешноста е модерна, изработена од материјали со висок квалитет. Централно внимание заземаат екраните, кои се достапни во 3 варијанти, односно 2 екрана од 7 инча, или еден кран од 7, а другиот од 10,25 инчи и третата комбинација е кога и двата екрани се со големина од 10,25 инчи. Новиот GLA нуди повеќе простор во кабината во однос на својот претходник, особено во делот кај нозете на патниците, како и во делот на багажникот. Позицијата на седење и кај возачот и кај совозачот е повеќе исправена и повисока за 97 мм во однос на претходниот модел што е типично за SUV возилата. Споредено со А-Class разликата е 140 мм, додека со B-Class е 52 мм. Исто така, значително е подобрена видливоста. Како опција, задната клупа може да се придвижува за 14 см, со што може да се подобри удобноста на седење на задната клупа или зголемување на багажниот простор.

Последната верзија на Driving Assistance пакетот ги опфаќа функциите за помошно осветлување при движење во свиоци, за одржување на коловозна лента, за безбедно отворање врата, предупредување при детектирање пешаци на пешачки премин. Како дополнителни опции на овој пакет на располагање се и функциите DISTRONIC со можност за сопирање кај статички возила, автоматски паркирање, автоматско движење наназад, активна помош на управувачот, активно одржување на брзината на движење, систем за избегнување на пешаци и др.

Новиот GLA располага и со опцијата ENERGIZING, која користи звучни и светлосни ефекти, како и разни опции за масажа, со што возачот добива врвна удобност при патувањето. Доколку е вклучен Mercedes Benz vivoactive 3 паметен часовник или друг компатабилен Garmin уред, може да се добијат лични податоци за возачот, како што е нивото на квалитет на спиењето или стрес, чија состојба може да биде подобрена преку опцијата ENERGIZING.

Достапни се два бензински и два дизел мотори – основниот бензинец е со ознака GLA 200 и користи 1.3-литарски мотор со 163 коњски сили, појакиот модел е со ознака GLA 250 и користи 2.0-литарски мотор со 225 коњски сили. Основниот дизел е со ознака GLA 200d и користи 2.0-литарски мотор со 150 коњски сили, појакиот модел GLA 220d користи исто така 2.0-литарски мотор но со 190 коњски сили.

Новиот GLA може да биде опремен и со постојан погон на сите четири тркала, со целосна варијабилна дистрибуција на вртежниот момент. 4MATIC е интегриран и со автоматска трансмисија со двојна спојка. На располагање е и функцијата DYNAMIC SELECT која нуди неколку режими на возење, Eco/Comfort кој се заснова на сооднос на предна и задна оска на погон 80:20, потоа Sport со сооднос 70:30. При „off-road“ режим на возење, дистрибуцијата е во сооднос 50:50.

Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Mercedes-Benz.

ГАЛЕРИЈА

Виктор Чемерикиќ

Виктор Чемерикиќ

Љубител на автомобили уште од 1997, основач на вебсајтот ”CarsByVik” и професионален автомобилски фотограф.

Остави коментар