KIA Motors Македонија претставија многу кул и уникатна изведба за новиот Ceed, наречена Black Pack.Опремен е со нов 1.0 T-GDi турбо-бензински мотор со 120 коњски сили и 172Nm вртежен момент.
Забрзувањето до 100 километри на час изнесува 11.1 секунди, а максималната брзина е 190 километри на час.
Black Pack е надградена верзија на LX Vision нивото на опрема со што има промени на надворешниот изглед, а тоа се: капачиња за ретровизори во црна мат боја, 16-инчни алуминиумски тркала во црна боја и лајсните околу вратите се исто така во црна мат боја.Сето ова му дава еден поинтересен и уникатен изглед кој особено ќе ги привлече помладите купувачи.
Дел од стандардната опрема која ја вклучува овој модел е: Сензори за паркирање назад , задна паркинг камера, темпомат, 7 инчен дисплеј за infotainment системот, електрика на предни и задни стакла, електрика на ретровизори со греење, дневни LED светла, затемнети стакла и уште многу друго…
Моделот е веќе достапен во салоните на KIA Motors Македонија и може да закажете тест возење!
Повеќе информации за возилото може да најдете на https://www.kiamotors.com.mk/ceed.php?model=ceed&engine=1










