Денес, во CUPRA Garage официјално беше претставен најновиот модел на брендот – CUPRA Terramar, кој за првпат влегува на македонскиот пазар. Со оваа премиера, CUPRA ја продолжува својата експанзија и го засилува своето присуство во најбрзо растечкиот SUV сегмент во Европа, но и во Македонија.
CUPRA Terramar е новиот херој на брендот – спортски SUV кој комбинира смел и самоуверен дизајн со врвни перформанси и напредна технологија. Овој модел ја носи CUPRA кон повисок премиум сегмент, привлекувајќи нови клиенти без да ја изгуби својата бунтовничка и предизвикувачка ДНК.
Terramar ја прифаќа новата дизајнерска насока на CUPRA, со експресивни линии, динамични пропорции и карактеристични предни светла со троен триаголен потпис, кои веднаш го издвојуваат од толпата – дури и во темница. Напредната Matrix LED Ultra технологија со 25.000 пиксели обезбедува прилагодлива светлина според условите на патот, за максимална видливост без заслепување на другите учесници во сообраќајот.
Внатрешноста на CUPRA Terramar нуди нова интерпретација на спортскиот дух – кокпит ориентиран кон возачот, нагласен со прогресивен дизајн на централната конзола и премиум материјали, што создава простор каде технологијата и емоциите се спојуваат во едно.
Terramar е достапен со различни погони, вклучувајќи ја и најновата генерација на plug-in hybrid (eHybrid) технологија, која испорачува импресивни 272 коњски сили (200 kW) и повеќе од 100 километри целосно електрично возење.
Во Македонија се достапни погоните:
- TERRAMAR – 1.5 eTSI DSG 150, 2.0 TSI 204 DSG 4×4 и 1.5 TSI PHEV DSG 205
- VZ – 2.0 TSI DSG 265 4×4 и 1.5 TSI PHEV DSG 272
За максимално возачко уживање, CUPRA Terramar доаѓа со стандардна спортска суспензија, прогресивен управувач, како и со напреден адаптивен систем на шасија, овозможувајќи прецизно управување, стабилност во свиоци и врвна динамика на секој пат. Со премиерата на Terramar, CUPRA има комплетно портфолио на модели и продолжува со својата успешна приказна. Од 2018 година досега, брендот има испорачано околу 700.000 возила, а глобалната мрежа брои над 800 CUPRA Garage ширум светот.
Почетната цена за Cupra Terramar 1.5 eTSI 150 DSG изнесува 38.894 евра.
Акциската цена за Cupra Terramar 2.0 TSI 265 4WD DSG изнесува 49.500 евра.
Повеќе информации за автомобилот може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Cupra.






























