Новиот целосно електричен BMW iX пристигна во Македонија

Големиот и целосно електричен SUV на BMW, моделот iX пристигна во салонот на BMW во Скопје!

iX е првиот модел на BMW кој се заснова на целосно нова платформа која ќе ја користат и други идни возила. Софистицираниот софтвер, поголемата компјутерска моќ и способноста за 5G, исто така, му овозможија на BMW да интегрира подобрени функции за автоматско возење и паркирање. Платформата на iX, која е заснована од алуминиумска рамка и „carbon-fibre core“ е развиена со фокус на електричните возила и поголеми нивоа на автоматизирани функции за возење. BMW вели дека нивото на компјутерска моќ кај iX е 20 пати поголемо од било што претходно развиено за сериско возило и дека тоа му овозможува на теренецот да обработува двојно повеќе податоци од сензорите.

Пионерскиот карактер на BMW iX исто така јасно блеска во неговиот надворешен дизајн. Јасно структурираниот, намален дизајнерски јазик, импозантниот стил на каросеријата со мускулести пропорции и прецизно изработените детали создаваат аура на прогресивен луксуз. Извонредните надворешни карактеристики ја вклучуваат речиси целосно испразнетата „бубрежна“ решетка на BMW, чија површина е производ на иновативни производствени техники и вклучува сензори за камера и радар.

Со должина од 4953 мм, ширина 1967 мм и висина од 1595 мм, теренецот iX е приближно со иста големина како и X5.

Ентериерот во iX, исто така добива комплетно нов и различен дизајн. Огромната просторија и ново развиените седишта со интегрирани потпирачи за глава го даваат тонот за луксузниот амбиент. Отсуството на централен тунел создава дополнителен простор за нозете и доволен простор за складирање, а централната конзола е дизајнирана во стилот на висококвалитетно парче мебел. Главното акцент е ставен на двата огромни екрани – едниот од 14.9-инчни е наменет за возачот, додека вториот од 12.3-инчи е наменет за инфо-забавниот систем. Покрај заоблените дисплеи на BMW, интеграцијата на шестоаголниот волан и проекторот без рамка за опционалниот Head-Up дисплеј дополнително придонесуваат за фокусираното возење. Има избор од три различни облоги за прилагодување на внатрешноста. Системот за автоматска контрола на климата во BMW iX доаѓа со филтер за нанофибер за прочистување на воздухот и има нови контроли на екранот на допир. Системот интелигентно ја комбинира внатрешната вентилација и греењето на седиштата и воланот за да го максимизира чувството на благосостојба на патниците. Опционалниот аудио систем Bowers & Wilkins Diamond со звучници интегрирани надвор од видното поле во потпирачите за глава и функцијата за 4D аудио со помош на „bass shakers“ на предните седишта ветува врвно звучно искуство.

BMW iX е достапен во две верзии, од кои и двете се со погон на сите четири тркала – послабата е iX xDrive40 која користи батерија од 76.6 kWh и располага со 326 коњски сили и 630 Nm вртежен момент. Забрзувањето од 0 до 100 километри на час изнесува 6.1 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 200 километри на час. Оваа верзија со полна батерија може да помине околу 425 километри, а стандардно е опремена и со можност за брзо полнење до 150kW што овозможува полнење на батеријата од 0% до 80% за околу 30 минути.

Појаката iX xDrive50 верзија користи батерија од 111.5 kWh и располага со 523 коњски сили и 765 Nm вртежен момент. Тука забрзувањето до 100 километри на час е скратено на 4.6 секунди, додека максималната брзина останува исто електронски ограничена на 200 километри на час. Оваа верзија со полна батерија може да помине преку 600 километри, исто така, овој модел поддржува брзо полнење до 195kW.

Новиот технолошки комплет на алатки во BMW iX нуди значителен потенцијал за поттикнување на развојот на автоматизирани функции за возење и паркирање. Новата генерација на сензори, новиот софтверски пакет и моќната компјутерска платформа обезбедуваат основа за исклучителна интелигенција. Пет камери, пет радарски сензори и 12 ултразвучни сензори се користат за следење на околината на возилото. BMW iX е опремен со најобемниот сет на стандардни системи за помош на возачот што некогаш биле видени во модел на BMW, заедно со мноштво иновации. Системот за предупредување за преден судар, на пример, сега го детектира сообраќајот од спротивната страна при вртење налево, како и велосипедистите и пешаците кога вртите десно. Достапноста на опционалниот асистент за управување и држење на возилото во лента е значително проширена, додека опционалниот активен темпомат со функцијата Stop&Go нуди подобрено прилагодување на растојанието во секакви ситуации. Функцијата за предупредување за излез, која предупредува за присуство на велосипедисти или пешаци во околината пред да се отворат вратите, како и системот за кражба кој ги вклучува сите камери на возилото кога некој ќе дојде блиску до него се двете нови функции. Исто така, на списокот со стандардна опрема за BMW iX може да се најде и асистент за паркирање.

Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на BMW.