Новиот BMW iX официјално претставен во East Gate Mall

Најновиот целосно електричен SUV на BMW, моделот iX беше официјално претставен во новиот East Gate Mall.

iX е првиот модел на BMW кој се заснова на целосно нова платформа која ќе ја користат и други идни возила. Софистицираниот софтвер, поголемата компјутерска моќ и способноста за 5G, исто така, му овозможија на BMW да интегрира подобрени функции за автоматско возење и паркирање. Платформата на iX, која е заснована од алуминиумска рамка и „carbon-fibre core“ е развиена со фокус на електричните возила и поголеми нивоа на автоматизирани функции за возење. BMW вели дека нивото на компјутерска моќ кај iX е 20 пати поголемо од било што претходно развиено за сериско возило и дека тоа му овозможува на теренецот да обработува двојно повеќе податоци од сензорите.

Конкретниот модел е појаката верзија која ја носи ознаката iX xDrive50. Оваа верзија користи батерија од 111.5 kWh и располага со 523 коњски сили и 765 Nm вртежен момент. Забрзувањето до 100 километри на час е 4.6 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 200 километри на час. Оваа верзија со полна батерија може да помине преку 600 километри, а исто така, овој модел поддржува брзо полнење до 195kW.

Новиот iX е поставен во The BMW Store во East Gate Mall каде што може да го видите и да се запознаете одблиску со автомобилот.