2 Series Gran Coupe е првиот модел на BMW во оваа класа, а поставен е на истата платформа од новата Серија 1. За разлика од 2 Series Coupe, овој модел е со погон на предните тркала, но достапен е и со xDrive погонот на сите четири тркала.
Надворешниот дизајн е делумно сличен како и Серија 1, на предниот дел разликите помеѓу овие два модела се минимилни, а веќе од средниот дел, па накај задниот дел разликите се доста приметливи. Поставени се долги хоризонтални LED светла, а M Sport моделите добиваат и мал заден спојлер на вратата од багажникот. Она што во денешно време е реткост и е за пофалба, е тоа што сите верзии добиваат вистински(и тоа големи) издувни цевки.
Кога станува збор за ентериерот, 2 Series Gran Coupe има идентична кабина како онаа во Серија 1, а тоа не е воопшто лошо бидејќи изгледа модерно, искористени се квалитетни материјали и има одлично ергономија. На горниот дел од централната конзола е поставен infotainment дисплејот – стандардниот дисплеј е со големина од 8.8-инчи, а како опција достапен е и поголем со големина од 10.25-инчи. А пред возачот е дигитална инструмент табла со одлична графика. Багажникот е секако поголем од тој во Серија 1 и на располагање имате 430 литри капацитет.
Сега за сега, достапни се само два мотори – еден турбо бензинец со ознака 218i, а под хаубата се наоѓа 1.5-литарски мотор со 140 коњски сили и 220Nm вртежен момент. Другата опција е турбо дизел со ознака 220d и тука под хаубата се наоѓа 2.0-литарски мотор со 190 коњски сили и 400Nm вртежен момент. Бензинецот е достапен со мануелен и со автоматски менувач, додека дизелот е достапен само со автоматски менувач.
Најмоќната верзија е M235i xDrive, која користи 2.0-литарски турбо бензинец и има 306 коњски сили и 450Nm вртежен момент. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае само 4.9 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 250 км/ч.
Конкретниот модел од фотографиите е 218i со спортскиот M Sport пакет во одличната „Storm Bay“ металик боја.
Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на BMW М Кар!




























