Новата спортска Cupra верзија на Seat Leon ќе има Plug-in Hybird погон и ќе биде еден од шестте електрични возила кои Seat ги планира да започнат со продажба до 2021 година.
Новата генерација на Seat Leon која ќе почне со продажба во 2020 година ќе биде достапна како хечбек со 5 врати и ST караванска изведба, а и за стандардниот Leon ќе има Plug-in Hybird модел.Cupra верзијата ќе биде исто така достапна во овие две изведби и се очекува да има околу 245 коњски сили и 50g/km CO2 емисии!
Според овие информации, моќноста на моторот се совпаѓа со таа на Cupra Formentor компактниот SUV што беше претставен пред неколку недели и кој е исто така еден од првите електрични возила на Seat што значи дека овие две возила можно е да имаат сличен погон.Оваа Plug-in Hybird варијанта на Leon може ќе има нешто помалку коњски сили во споредба со нормалната бензинска изведба, ќе биде подеднакво брза, но ќе биде малку поекономична изведба на моделот.
Останува да видиме дали големиот трошок за батерии и електромотори го прави хибридот поскап од помоќната бензинска верзија или сепак разликата во цена нема да претставува проблем за купувачите…

