Новата Mercedes-Benz А-Класа седан пристигна во Македонија!

Новата А-Класа седан, лимузина со 4 врати има меѓуоскино растојание од 2729 мм, со динамички пропорции и во исто време е компактен седан со помало издолжување на предниот и задниот дел на возилото.Автомобилот располага со ефикасни мотори, како и технологија која обезбедува висока безбедност, благодарение на помошните системи за возење преземени од S-Класата.
Новата А-Класа седан поседува и MBUX систем со чија помош возачот говорно може да комуницира со автомобилот.Со коефициент на отпор на воздухот, Cd=0,22, новата А-Класа седан има најдобра аеродинамичност во светот и овој рекорд го брани заедно со моделот CLA Coupé.

Новата генерација на компактни автомобили го направи најголемото поместување кон промена на имиџот на брендот.На тој начин, со лансирање на CLA Coupe во САД, во 2013-та година, за првпат се продаваше компактно возило од Mercedes-Benz на американскиот пазар. Во 2017-та година, приближно еден на секои двајца купувачи на компактни возила на Mercedes-Benz; претходно возеле автомобили од конкуренцијата и дури над 50% од купувачите на CLA, биле нови купувачи во Mercedes-Benz.

Димензии на новата А-Класа Седан:
Должина / ширина / висина: 4549/1796/1446 мм
Меѓуоскино растојание: 2729 мм
Капацитет на багажник: 420 литри
Висина на таван напред / позади: 1024/944 мм
Простор за нозе напред / позади: 1062/861 мм

Багажникот е со капацитет од 420 литри и дизајниран е за практично
користење. Отворот на багажникот е сосема широк и изнесува 950мм, со што се овозможува лесно внесување и изнесување на поголеми предмети.

Светски рекорд:

Со коефициент на отпор на воздух од само Cd=0,22, новиот седан на
Mercedes-Benz се изедначува со претходниот светски рекордер,
моделот CLA.Добрата аеродинамичност е особено важна за ниската потрошувачка на гориво во реални услови на експлоатација на возилото. Предните и задните спојлери на тркалата се специјално дизајнирани, со цел да овозможат најефикасно движење на воздухот околу тркалата.

Мотори: почеток со еден дизел и еден бензински мотор

A 200 (120 kW/163 кс, 250 Nm); со автоматски менувач 7G-DCT, со двојна спојка (комбинирана потрошувачка на гориво 5.4-5.2 л/100 км, комбинирана емисија на CO 2 124-119 g/km)

A 180 d (85 kW/116 кс, 260 Nm); со автоматски менувач 7G-DCT со двојна спојка (комбинирана потрошувачка на гориво 4.3-4.0 л/100 км, комбинирана емисија на CO 2 113-107 g/km).

Дизајн: врвен, спортски, модерен

Новата А-Класа седан има пропорции на динамичен и компактен седан со пократок преден и заден дел на возилото.Формата на стаклениот, горен дел на возилото, го засилува неговиот динамичен изглед.Благодарение на големината на тркалата кои се движат од 16 до 19 инчи, како и изразените сводови на тркалата, новата А-Класа се истакнува со спортска става на патот. Предниот дел на возилото изгледа мошне прогресивно. За тоа придонесува дизајнот на хаубата и потесните предни светла со хромирани елементи, како и предната решетка со една лајсна и централно поставената ѕвезда.Дводелните задни светла ја нагласуваат чистината на изгледот и неговата широчина, а во зависност од нивото на опрема, задниот браник поседува црн дифузер или хромирани издувни цевки.

Внатрешен дизајн: револуција однатре

Внатрешноста на новата А-Класа е целосно редефинирана со модерен, авангарден изглед. За таа цел, Mercedes-Benz презеде целосно нов пристап кон уредување на внатрешноста на возилата од компатктната класа, со добивање на сосема ново чувство на просторност. Површината на која е поставена контролната табла е глатка и се протега континуирано од едната до другата врата.Широкиот екран независно е поставен од другите елементи, додека отворите за вентилација се со спортски изглед, налик на турбини.

Достапни се следните опции на големина на екрани:
со два 7-инчни екрани (17.78 см),
со еден 7-инчен и еден 10.25 инчен (26 cm) екран и
со два 10.25-инчни екрани.

MBUX систем за говорно команди – Mercedes-Benz User
Experience: незаменливо искуство

Новата A-Класа е првиот модел на Mercedes-Benz кој го поседува мултимедијалниот систем со говорна контрола, со чија помош возачот комуницира со автомобилот како во секојдневниот говор.Уникатна карактеристика на овој систем е можноста да учи, како на пример начинот на возење на возачот, благодарение на развиената вештачка интелигенција во возилото.Освен оваа опција, достапен е и проектирачки екран или head-up display, со чија помош се проектираат податоци за возењето директно на ветробранското стакло, додека контролирањето на
разните опции може да се врши преку touchpad; поставен на централната конзола или со помош на контролни копчиња чувствителни на допир, поставени на управувачот.

MULTIBEAM LED предни светла: оптимална видливост во сите
услови

MULTIBEAM LED предните светла се уште еден пример за примена на напредна технологија од луксузната во компактната класа на возила.Овие светла овозможуваат брза и прецизна, електронски контролирано прилагодување на светлата за да одговораат на дадените услови во сообраќајот.Секое светло поседува 18 LED светла и има позитивен ефект врз концентрацијата. LED светла со високи перформанси, е уште една опција за подобро осветлување на патот.