Во салонот на Гранд Ауто пристигна целосно новата втора генерација на Hyundai Kona која со себе носи една огромна револуција – и не само во изгледот, туку и во достапните погонски единици, технологиите и просторната понуда.

Втората генерација на Kona пристигна со целосно различен надворешен дизајн во споредба со претходникот. Ова е навистина визуелно изненадувачки автомобил, кој ќе се нуди во три различни погонски варијанти и сите меѓусебно малку се разликуваат. Да почнеме со клучните факти – Kona порасна многу. Должината на автомобилот е зголемена за цели 15 сантиметри и сега изнесува 4.355 мм. На меѓуоскиното растојание се додадени дури 6 сантиметри, што ќе гарантира повеќе простор во кабината. Автомобилот е исто така малку поширок (за 2.5 сантиметри), што исто така ќе биде ценето од многу луѓе.
Ова несомнено ќе биде автомобил што ќе ги сврти главите на минувачите и на другите возачи на улица. Корејците избраа стил инспириран од IONIQ 5, иако го адаптираа на ликот на Kona. Предниот дел се одликува со тесна LED лента, под која се кријат главните светла. Тоа е развој на стајлингот на актуелната генерација, иако на многу помодерен начин. Задниот дел се одликува и со тесна LED лента која оптички го проширува целиот автомобил. Ретрофутуристичката атмосфера овде е совршено развиена и остава навистина добар впечаток. Дополнително, достапни се и голем број на интересни и несекојдневни бои.
Новата Kona обезбедува попростран, поразновиден внатрешен простор за зголемен комфор на патниците, а достапни се и многу нови технолошки решенија. Hyundai сака да ја позиционира новата Kona едно ниво повисоко, па затоа веднаш е воочлива разликата во забршната обработка и стандардната опрема. Целиот ентериер е исклучително модерен, со два екрани од 12,3 инчи и дискретен панел за климатизација. Светлите бои го оживуваат кокпитот, а скриениот менувач под воланот овозможува големи простори за складирање на централниот тунел. Друга карактеристика со која импресионира новата генерација е просторната понуда на задните седишта – патниците што ќе поминуваат време овде ќе имаат навистина задоволителен простор и удобност.
Достапни се неколку нивоа на опременост, а во однос на погонската понуда има навистина многу избор. Понудата започнува со 1.0-литарски T-GDi бензинец кој испорачува 120 коњски сили – достапен со мануелен или автоматски DCT менувач. Следен е 1.6-литарскиот T-GDi мотор кој испорачува 198 коњски сили и тука стандардно се добива DCT автоматски менувач, додека опционално може да се добие и AWD погон на сите тркала.
Следно во понудата е хибридната HEV верзија која користи 1.6-литарски атмосферски бензинец спарен со мала батерија – вкупната моќност тука изнесува 141 коњски сили и 265 Nm вртежен момент. Оваа верзија доаѓа исклучиво со преден и погон и 6-степен DCT автоматски менувач. За крај, тука е и целосно електричната верзија која е достапна со избор на две батерии – основната варијанта има батерија со капацитет од 48.4 kWh и моќност од 156 коњски сили, додека втората варијанта има батерија со капацитет од 65.4 kWh и моќност од 218 коњски сили – послабата варијанта има досег до 377 километри, додека помоќната варијанта има досег до 514 километри.
Повеќе информации за автомобилот може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Гранд-Ауто.



























