Целосно новата трета генерација на Ford Kuga – најпродаваниот SUV модел на брендот пристигна во салонот на Ми-Да Гранд Моторс.
Новиот модел е поставен на комплетно новата C2 платформа која не само што ја зголемува практичноста, туку и му овозможи на Ford да ги постави сите нови хибридни погони. Во споредба со претходната генерација, новата Kuga е за 89мм подолга, 44мм поширока и меѓуоскиното растојание е зголемено за 20мм, а според Ford ја има најпросторната задна клупа. Исто така и вкупната тежина на возилото е намалена за цели 90 килограми. Промените на големината и даваат целосно нов изглед на Kuga кој сега е помускулест и подинамичен. Достапна ќе биде во три нивоа на опременост: Titanium, ST-Line и Vignale.
Ентериерот е многу сличен со оној во Focus и не само што изгледа одлично, туку и сите материјали кои се поставени се од многу добар квалитет. Новата Kuga е првиот SUV на Ford кој доби дигитална инструмент табла со 12.3 инчен дисплеј. Го добива и новиот SYNC 3 Infotainment систем кој има 8 инчен дисплеј и како стандард добивате поддршка за Apple CarPlay и Android Auto. Поголемиот простор на задните седишта е веднаш воочлив.
Новата Kuga ќе биде достапна во три хибридни изведби и сите од нив добиваат active noise cancellation – првата опција е Mild-Hybrid кој користи 2.0 EcoBlue турбо-дизел мотор кој има 150 коњски сили со 48-волтен електричен систем, литиум-јонска батерија и Belt-Driven Integrated Starter/Generator (BISG) систем кој е во замена на стандардниот алтернатор. Од овој мотор се очекува потрошувачка од 5 литри на 100 изминати километри. Втората опција е Kuga Hybrid која користи 2.5 атмосферски бензински мотор заедно со електромотор и мала литиум-јонска батерија. Ќе може да одберете помеѓу преден погон или Ford Intelligent All-Wheel Drive погон на сите четири тркала. Потрошувачката на овој мотор би требало да биде некаде околу 5.6 литри на 100 изминати километри. Третата опција е Kuga Plug-In Hybrid која користи 2.5 атмосферски бензински мотор и електромотор, но добива поголема литиум-јонска батерија од 14.4kWh и ќе има 225 коњски сили. На електрична енергија ќе може да поминете околу 50 километри, а просечната потрошувачка би требало да биде околу 1.3 литри на 100 изминати километри.
Освен овие хибридни изведби, во понудата ќе бидат и добро познатите турбо-бензинци и турбодизели. Кај бензинците достапен е 1.5 EcoBoost со 120 или 150 коњски сили, а кај дизел моторите достапни се 1.5 EcoBlue со 120 коњски сили и 2.0 EcoBlue со 180 коњски сили. Стандардно доаѓаат со мануелен менувач, а како опција достапен е 8-степен автоматски менувач.
Повеќе информации и ценовник за новата Ford Kuga може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Ми-Да Гранд Моторс.

















