Mitsubishi ја претстави новата генерација на големиот L200

Новиот Mitsubishi L200 се приклучува на групата пикапи на пазарот. Ова е сосема нова генерација на овој модел, која користи шасија развиена од нула. 

Излегувајќи на пазарот, петтата генерација на овој автомобил е всушност силно освежена четврта генерација. Па така, се збогуваме со автомобилот, кој формално дебитираше во 2005 година, правејќи неколку освежувања на патот. Новиот Mitsubishi L200 е развиен од основата со поголема и поцврста рамка. Тоа е клучот овде и се претпоставува дека е најсилната страна на овој автомобил.

Новиот дизајн на L200 привлекува внимание – најпрво Јапонците решија одново да го „нацртаат“ својот пикап. Со вакви модели, тешко е да се експериментира со линии и да се применат нови идеи. Mitsubishi се одлучи за прилично „тежок и масивен стил“, кој треба да го нагласи карактерот на овој автомобил.

Предниот дел се одликува со LED светла поделени на два дела и голема решетка. Задните светла обично се наоѓаат на рабовите на таблата, иако делумно се преклопуваат со нејзините странични делови. Надворешниот дизајн на претходната генерација не беше најјаката страна на автомобилот, но оваа нова генерација дефинитивно ќе привлече доста нови клиенти. 

Внатрешноста на овој автомобил изгледа прилично добро. Тој е многу класичен во однос на стилот, но одговара на телото и генерално стилот на L200. Зад воланот со три краци има аналогни мерачи со голем екран за патниот компјутер во боја. На централниот дел е поставен голем екран за инфозабавниот систем кој всушност е позајмен од Nissan. Низ кабината присутни се и голем број на физички копчиња кои ќе го олеснат ракувањето со контролите на автомобилот.

Новиот Mitsubishi L200 користи целосно нов дизајн. Обновената шасија, делумно изведена од неговиот претходник, е клучен елемент на овој автомобил. Исто така, користени се посилни, но полесни метални легури за одржување на поголема цврстина и зголемување на носивоста на автомобилот. Интересно е што товарниот дел е спуштен за 45 мм (на висина од 820 мм), што го олеснува товарењето и во исто време не влијае негативно на теренските својства.

Погонот на четири тркала е исто така силна страна на овој автомобил. Во зависност од верзијата, овде добиваме Super Select 4WD-II или Easy Select 4WD. Првиот користи централен диференцијал кој постојано пренесува 40% од моќта напред и 60% назад.

Дополнително, во напредниот AWD добиваме пристап до голем број поставки за off-road: 2H (RWD), 4H (4×4), 4HLc (4×4 со блокиран централен диференцијал) и 4LLc (Low со блокада на централен диференцијал). Покрај тоа, возачот може да избере режими кои автоматски ги прилагодуваат поставките на теренот: Normal, Eco, Gravel, Snow, Mud, Sand и Rock. Овде е достапен и системот Active Yaw Control, кој го контролира навалувањето на телото.

Новата генерација на Mitsubishi L200 има и нов мотор под хаубата. Станува збор за 2.4-литарски дизел, кој ќе биде достапен во три верзии. Најслабиот нуди 150 коњски сили и 330 Nm, следува верзија со 184 коњски сили и 430 Nm и на врвната верзија нуди  204 коњски сили и 470 Nm. Моќта се испраќа до тркалата преку 6-степен автоматски или 6-степен мануелен менувач.

Продажбата на новиот L200 веќе започна во Тајланд, каде се одвива и производството на овој автомобил. Во следните месеци ќе започне дистрибуцијата во други земји, вклучително и Јапонија и Европа.