Mercedes го претстави и новиот CLA45 AMG

Вечната битка помеѓу Mercedes и Audi доби нов дуел со претставувањето на новиот Mercedes CLA45 AMG кој е сега директен конкурент на Audi RS3 Sedan. Новиот играч на Mercedes сега има повеќе коњски сили од веќе иконскиот RS3 – поточно 420, извадени од 2.0-литарски мотор во помоќната CLA45s верзија.

Со 500 Nm вртежен момент и 20 коњски сили повеќе од RS3, забрзувањето до стотка трае 4 секунди и завршува на 270 км/ч. Овие перформанси се достигнати со долга листа од измени во 2.0-литарскиот турбо бензински мотор, кој во моментов нуди најмногу коњски сили по литро од сите “road legal” автомобили кои излегуваат од било која фабрика во светот. Good job Mercedes!

Дел од измените се превземени од поголемиот брат AMG GT кој вози V8 twin-turbo мотор – лежишта за турбото со низок отпор и специјален слој за обвивката на цилиндрите. Поголема измена е ротацијата од 180 степени на четири цилиндарскиот блок што резултира со позиционирање на усисната грана кон носот на автомобилот, додека турбото и издувната грана се наоѓаат во задниот дел од пределот за моторот. Со ова се добива подобрено ладење, подобрено “two-stage fuel injection” и поголеми клапни за издув во главата на цилиндрите. Клапни може да се најдат и во внатрешноста на самиот издувен систем што резултираат со импресивен звук за овој мал” мотор.

Целта на Mercedes била овој мотор да дава чувство во возењето како да е N/А (без турбо полнач), што би значело да се исклучи тој феномен на турбо лаг. Поради тоа е додадено “twin scroll” турбо со што се минимизира турбо лагот, и најмногу влечна сила се добива на прилично високи 5.000-5.250 вртежи во минута. Овој мотор ќе продолжи да врти се до 7.200 вртежи во минута.

За дистрибуција на силата е задолжен “4Matic” системот на Mercedes, во синергија со нов 8 степен менувач со двојна спојка. Задниот диференцијал има пар“clutches” – по еден за секое тркало, што значи дека распределбата на моќта може да се мониторира и дистрибуира по прецизно. Овој новитет освен подобрена тракција, е платформата за новиот “Drift mode”. Во повеќе детали е опишан овој мод кога ја анализиравме Новата A45s AMG. (накратко ова значи многу “палење гуми” и правење “donuts” – BMW пази се!)

Појачувања на школката и шасијата се направени со цел да се зголеми целата ригидност на автомобилот и да се намали “body roll”. Исто така “strut barѕ се дел од модификациите кои ќе допринесат поригидна основа со што би се подобрила геометријата на управување. Голем дел од компонетите за суспензијата се направени од алуминиум за да се намали вкупната тежина, предниот отисок на гумите е поширок од задните и ESP системот може индивидуално да ги вклучи сопирачките како би се подобрило вртењето во кривини. Сето ова допринесува за поголеми брзини при тестирање на лимитите на овој автомобил во кривините.

Надворешноста е почастена со AMG специфични надоградби – поголеми отвори за воздух во предниот дел, грпки на хаубата, поизразени “wheel arches”, лип спојлер на багажникот, 4 издуви споени со дифузер и 19 инчни тркала со црвени шепи на кочниците. Рецепт кој би кажале дека е многу погоден! Овој автомобил изгледа како да се движи дури и кога стои во место.

Внатрешноста е украсена со супер спортски седишта со жолти акценти, “flat bottom” волан со микс од кожа и алкантара кои доаѓаат како стандардна опрема. MBUX infotainment системот нуди неколку изгледи на дисплејот кои се специфични за AMG. Еден од најинтересните е оној кој има гооолем обртомер на средината на 12 инчниот дисплеј на инструмент таблата надополнет со G-meterlap timer и unique gear indicator.

Однесете го овој автомобил на некоја од познатите тркачки стази во Европа и со помош на предната камера ќе добиете real life driving lines, кои ќе ви помогнат за да имате подобро тркачко искуство. (за жал ова не ви гарантира покана за настап од F1 тимот на Mercedes).