Македонска премиера на новиот BMW X3

Четвртата генерација на BMW X3 ја доживеа својата македонска  премиера. Увозникот за BMW во Македонија и Косово, компанијата М Кар со гордост го претстави новиот BMW X3, симбол на перформанси, удобност, дизајн и напредна технологија.

Новиот BMW X3 е поголем од неговиот претходник, а има и интересен дизајн. Марката од Минхен овде тргна во стандардна насока. Моделот G45 е поголем и попрактичен од неговиот претходник – разликите се навистина големи. Должината се зголеми за 34 мм до 4.755 мм, ширината за 29 мм до 1.920 мм, а висината на 1.660 мм (да, 25 мм помалку отколку кај претходникот). Меѓуоскиното растојание е 2.865 мм и е исто како кај неговиот претходник. Багажникот на новиот BMW X3 нуди од 570 литри до 1.700 литри.

Како што можеби забележавте, стајлингот не ги „крие“ елементите на електричниот погон. Во новите BMW Серија 5 и Серија 7, веднаш можете да ја видите подигнатата каросерија, која крие зголемена платформа подготвена да ја сокрие батеријата. Тука немаше таква потреба. Зошто? Новиот X3 повеќе нема да биде достапен на пазарот во електрична верзија. Овој модел ќе го замени новиот iX3, независен дизајн од семејството Neue Klasse. Така, стилистите од Минхен можеа да си дозволат да направат повеќе при дизајнирањето на овој автомобил.

„Со својата спортска привлечност, впечатлив дизајн и напредни техноглогии, новиот BMW X3 ја презема улогата на талентирано, сеопфатно возило за секојдневна употреба, слободни активности и удобни патувања. Новиот дизајнерски јазик на четвртата генерација на BMW X3 му дава импресивна надворешна појава и динамична грациозност. Висококвалитетните материјали, значително попространата стандардна спецификација, напредната дигитализација и новиот BMW iDrive со QuickSelect, заснован врз BMW Оперативен систем 9, го доловуваат премиум амбиентот во прогресивно дизајнираната кабина. Задоволството при возењето, безбедноста и удобноста на долги растојанија во новиот BMW X3, се должат на исклучително прецизното подесување на целокупната организација на автомобилот и широкиот избор на полуавтоматски системи за возење и паркирање“, изјави Билјана Колемишвска, одговорна за маркетинг комуникации и ПР во компанијата М Кар.

Внатрешноста исто така се промени до непрепознатливост. И ги следеше стапките на другите нови модели на BMW. Без сомнение некои ќе бидат среќни, други ќе бидат разочарани. Она што е сигурно е дека овде ќе најдеме заоблена дигитална инструмент табла и мултимедијален екран, поврзани со едно стакло. Контролната табла е многу минималистичка, по примерот на BMW Серија 5 и Серија 7. Има и необично позадинско осветлување, овде сместено во куќиштето на преградата пред совозачот и на панелите на вратите.

X3 доби и нови мотори. Имаме две бензински варијанти за избор, една plug-in хибридна и една дизел. Понудата се отвора со BMW X3 20 xDrive, кој нуди 208 коњски сили и стандардно се добива MHEV систем. Перформансите не се лоши – спринтот до 100 км/ч трае 7,8 секунди.

BMW X3 M50 xDrive е полица повисоко во линијата на стандардните бензински верзии. Под хаубата имаме 6-цилиндричен 3.0-литарски мотор кој генерира 398 коњски сили. MHEV системот е исто така стандарден овде. Овој модел достигнува 100 км/ч за 4,6 секунди.

BMW X3 30e xDrive ќе биде еден од клучните производи. Нуди 299 коњски сили, а новата голема батерија со засега непознат капацитет се очекува да обезбеди опсег од 81 до 90 километри со едно полнење. Стандардно добиваме и вграден полнач со моќност од 11 kW.

Се разбира, останува и дизел мотор во понуда. X3 20d xDrive генерира 197 коњски сили и достигнува 100 км/ч за 7,7 секунди. Следната година понудата на дизел мотори ќе биде надополнета и со агрегатот 40d, дизајн со шест цилиндри.

Новиот BMW X3 е веќе вo продажба и достапни се четири варијанти на моделот почнувајќи од 70.890 евра.

Повеќе информации за автомобилот може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на BMW.