Реномираната македонска компанија „Мак аутостар“ со нова светска марка во своето портфолио – станува ексклузивен дистрибутер за познатиот бренд на мотоцикли Ducati.
На свечената церемонија на која присуствуваа регионалниот директор на Ducati Герардо Морико, италијанскиот амбасадор Паоло Палминтери и генералниот директор на „Мак аутостар“ Зоран Марковски, отворен е нов модерен салон за мотоциклите Ducati.
Салонот што е еден од поуникатните во регионот, нуди целосна галерија на сите модели на италијанскиот бренд, како и ексклузивни додатоци и колекции. Наскоро е предвидено да профункционира врвно технички опремен сервис според највисоките стандарди на Ducati.
Ducati е италијански производител на мотоцикли, познат по своите висококвалитетни спортски и naked мотоцикли. Компанијата е основана во 1926 година во Болоња, првично како производител на радиокомпоненти, а со производство на мотоцикли почнува по Втората светска војна.
Денес Ducati нуди широк асортиман – од суперспортските Panigale и авантуристичките Multistrada, до ретро-модерните Scrambler и моќните Diavel модели.
Исто така, Ducati е синоним за тркачки успеси и во последните 10 години станува доминантна сила во светот на трките, особено во популарната MotoGP.



























