KIA Stinger GTS „Special Edition“ доаѓа со Drift Mode!

Kia лансираше ограничена изведба на Stinger GTS- кој вклучува и drift mode во верзијата со погон на сите тркала.
Иако е достапен и само со погон на задните тркала, оваа лимитирана изведба од 800 примероци користи динамичен систем за погон на сите тркала наречен D-AWD. Според Kia, “го инспирира возбудливото возење”.Исто така овој модел има и делови кои се од вистински карбон!-а сите овие примероци ќе бидат во Federation Orange боја.

Во суштина, Kia го развиле овој нов AWD систем за возачот да може да одбере погон на задните тркала кога тоа му е потребно и тоа преку три режими на возење.Во Comfort режим, 60 проценти од вртежниот момент на 3.3-литарскиот V6 се испраќаат на задните тркала, Sport режимот тоа го зголемува на 80 проценти, а во Drift режимот 100 проценти од силата оди само на задните тркала.V6 турбо-бензинскиот мотор има 370 коњски сили и 510Nm вртежен момент.За подобра стабилност, назад е опремен со механички limited-slip диференцијал кој ја балансира силата меѓу оските. Автоматскиот менувач со осум брзини е специјално подесен да не префрлува во поголема брзина кога сте во drift mode и дрифтате.

Деловите кои се со карбон се: околу предната решетка за воздух, ретровизорите и странични отвори, не се многу, но сепак е вистински карбон.Во ентериерот добивате волан и делови од централната конзола во Alcantara. Дел од стандардната опрема на оваа изведба вклучува панорамски сончев кров, Harman Kardon аудио систем од 720 вати, wireless полнење на вашиот паметен телефон и уште многу друго…
Доколку сакате да го купите овој модел на Stinger ќе треба да одите до Америка бидејќи сите 800 возила од оваа едиција ќе се продаваат само таму, а цената за моделите со заден погон започнува од 44,000 долари додека за моделите со D-AWD погонот цената е 46,500 долари.