KIA објави официјални фотографии од новиот Sorento

KIA се одлучи да го претстави новиот Sorento пред саемот во Женева со најава дека plug-in hybrid модел ќе дојде на пазарот подоцна годинава. Претставениот модел не е за Европскиот пазар, но се очекува дека двете верзии ќе бидат многу слични со суптилни измени. Стајлингот на овој модел е инспириран од поголемиот модел Telluride кој е достапен само на Американскиот пазар.

Предната решетка (налик на нос од тигар) е надополнета со нови LED фарови кои се поврзуваат со линија на каросеријата која се протега низ целиот автомобил. Поради вертикално поставените штопови, овоможен е широк, коцкаст отвор на багажниот простор. Новото Sorento е 10мм подолго, пошироко и повисоко од претходниот модел. Најголемата разлика е во меѓуоскиното растојание кое е за 35mm поголемо со што се овозможува поголем комфор во внатрешноста. Седум седишта ќе бидат достапни и доаѓаат со Isofix држач за детско седиште на секое од петте задни седишта. Доколку немате потреба од последниот ред седишта, со преклопување на истите се добиваат 910 литри багажен простор.

Во внатрешноста продолжува трендот на KIA кон подобрување на материјалите кои ги користат како и финалната обработка. Новите модели на овој бренд почнуваат да се приближуваат кон германските конкуренти. Возачот пред себе има 12.3 инчен дигитален дисплеј, споен со 10.25 инчен дисплеј на централната конзола. Се очекува дека сите верзии на Sorento ќе бидат опремени со AEB (autonomous emergency braking), седишта обложени со кожа и двозонска клима. Највисоко опремените модели ќе бидат надополнети со греачи и вентилација на седиштата, безжично полнење на смартфон и адаптивен темпомат.

 

Во понудата се очекува да се најдат бензински, дизел и хибрид погони. Поради строгите регулации, дизелот е најавено дека ќе го има само во еден “mid-level” ниво на опременост. Хибридот ќе биде составен од 1.6 литарски бензински мотор спарен со електричен мотор со вкупна сила од околу 230 коњски сили.