Kia претстави значајно освежување за четвртата генерација на Rio – новиот модел добива променет екстериер и ентериер, нови безбедносни технологии и нов infotainment систем. Во понудата сега се достапни и нови поефикасни мотори кои го имаат новиот 48 волтен mild-hybrid систем, како и комплетно новиот интелигентен мануелен менувач.
Освежениот Rio добива нов, малку поспортски дизајн на предниот дел, додека “tiger-nose“ маската сега е постесната за да се совпаѓа со новиот понизок и поширок преден браник и сите модели стандардно ќе бидат опремени со full LED предни светла – со овие промени Rio добива еден пофокусиран и понамерен изглед. Исто така, се воведуваат и две нови бои – Perennial Grey и Sporty Blue. Новост се и 16-инчните алуминиумски бандажи кои имаат различен дизајн од претходно.
Во внатрешноста, Rio добива серија на визуелни и технолошки надградби. Новост е поголемиот 8-инчен дисплеј за infotainment системот и 4.2-инчниот дисплеј во инструмент таблата. Новиот модел сега е достапен и со неколку различни опции за персонализација на ентериерот, а GT-Line моделите доаѓаат со црн ентериер и бели шевови на седиштата, додека некои делови од кабината се со карбон ефект. Стандардно сите модели се опремени со прилагодување на висината на возачкото седиште, а како опција сега е достапно и прилагодување на совозачкото седиште, помагајќи им на патниците да ја најдат својата идеална позиција.
Најновите напредни системи за помош при возење кај новиот Rio вклучуваат – Forward Collision-Avoidance Assist (FCA) кој препознава пешаци, возила и велосипедисти, Lane Keeping Assist (LKA), Driver Attention Warning (DAW) и Blind-Spot Collision Warning (BCW).
Rio е првиот модел на Kia придвижуван од нов бензински mild-hybrid (MHEV) мотор – Новиот “EcoDynamics+“ погон спарен со 1.0-литарски T-GDi “Smartstream“ мотор со 48V MHEV систем ја максимализира ефикасноста на гориво со помош на вртежниот момент од електромоторот и регенеративното сопирање. EcoDynamics + е дизајниран за да обезбеди поголема ефикасност од мотори со внатрешно согорување со тоа што непречено ја распоредува и зачувува електричната енергија. Системот го надополнува вртежниот момент на моторот со моќност од компактната 48-волтна литиум-јонска полимер батерија и го продолжува времето кога моторот е исклучен благодарение на mild-hybrid стартер-генераторот кој го содржи овој систем. Новиот Smartstream мотор ја заменува старата генерација на 1.0-литарските T-GDi единици и сега е опремен со Continuously Variable Valve Duration (CVVD) технологија. Новата генерација на мотори произведуваат иста моќност како и претходно- 100 коњски сили или 120 коњски сили, но сега овозможува 16% (200Nm) поголем вртежен момент за изведбата со 120 коњски сили.
Воедно, Rio е исто така и еден од првите модели на Kia кои се опремени со новата интелигентна мануелна трансмисија (iMT). Системот “clutch-by-wire“ придонесува за поголема ефикасност на гориво и пониски CO2 емисии. Наместо механичка врска, спојката на iMT се контролира електронски и беспрекорно се интегрира со MHSG (mild-hybrid стартер-генераторот) за да го исклучи моторот што е можно порано во “тргни-застани“ ситуации, подобрувајќи ја целокупната потрошувачка на гориво.











