Jeep ја проширува гамата на популарниот Avenger со воведување на нова e-Hybrid верзија која се приклучува на целосно електричната и ICE верзиите. Целта, во согласност со трајната посветеност на брендот за слобода на избор, е да им обезбеди на клиентите флексибилност да избираат меѓу три различни погонски единици.
Моторот што го придвижува новиот Avenger e-Hybrid го претставува врвот на технолошките достигнувања, обезбедувајќи и удобност и перформанси. Преку оваа врвна технологија, новиот Avenger e-Hybrid обезбедува исклучително беспрекорно искуство во возењето, овозможувајќи им на клиентите да ја прифатат електричната мобилност при мали брзини благодарение на комбинацијата на автоматскиот 6-брзински менувач со двојна спојка e-DCS6 и неговиот интегриран електричен мотор. Исто така, електричниот мотор ја подобрува ефикасноста и уживањето во возењето, овозможувајќи му на возилото да патува со исклучен ICE мотор во одредени ситуации. Овој режим се активира за време на градско возење со брзина помала од 30 км/ч достигнувајќи автономија до 1 километар во целосно електричен режим на урбани и вонградски патишта.
Технологијата е вклучена и во процесот на палење на моторот, олеснет со електричен мотор кој има поддршка од стартер/генератор. Ова овозможува беспрекорна транзиција помеѓу моторот со внатрешно согорување и електричниот мотор додека се одржува тивка работа. Клучот за неговите перформанси лежи во хармоничната синергија помеѓу 1,2-литарскиот трицилиндричен турбо бензинец кој испорачува 100 коњски сили и кој е спарен со 48-волтната литиум-јонска батерија и иновативен 6-брзински менувач со двојна спојка. Овој менувач содржи електричен мотор од 21 kW, инвертер и централна единица за пренос, кои работат заедно за да ја оптимизираат компактноста и ефикасноста.
Дополнителната електрична моќност го подобрува вртежниот момент и обезбедува тивок и одговорен старт за возачот, со беспрекорни и брзи транзиции. Покрај тоа, оваа технологија овозможува враќање на енергијата при забавување и овозможување на слободата на автоматско полнење преку регенеративно сопирање, елиминирајќи ја потребата за полнење со приклучок. Во типични услови за возење, моторот е дизајниран за оптимална ефикасност на горивото, постигнувајќи до 15% намалување на емисиите на CO2 во споредба со класичен мотор со внатрешно согорување со автоматски менувач. Ова дополнително се постигнува преку Милеровиот циклус, што резултира со проценети емисии на CO2 кои се движат од 111 до 114 грама на километар.
Новиот Avenger e-Hybrid се одликува со забрзување од 0 до 100 км/ч за само 11 секунди, заедно со практично моментално испорачување на вртежниот момент од електричниот мотор. Оваа конфигурација ги оптимизира перформансите на моторот со согорување, особено при рестартирање, ублажувајќи го ефектот на „турболаг“ и обезбедувајќи брза реакција кога ќе се притисне педалата за гас, со што се обезбедува исклучително искуство во возењето.
Новиот Avenger e-Hybrid ќе биде достапен во три нивоа на опременост – Longitude, Altitude и Summit. Уште од првото ниво се добива доста богата стандардна опрема, а сите овие три нивоа се разликуваат и по многу надворешно и внатрешни елементи. Опсегот за бои на надворешноста е исто така дополнет и сега вклучува вкупно седум бои – Snow, Volcano, Ruby, Stone, Sun, Lake, и Granite.
Новиот Avenger e-Hybrid го означува следниот чекор во пионерското „патување“ за електрификација на Jeep, а моделот ќе биде достапен за нарачка од крајот на овој месец.