Гласањето за овогодинешниот Избор за Најпосакуван Автомобил – Златно Тркало од денес е официјално започнато! Оваа година има вкупно 15 кандидати и 5 различни категории.
Сите Вие може да гласате за вашиот фаворит во секоја од петте категории:
- Најпосакуван Семеен Автомобил во Македонија за 2024 година
- Најпосакуван Градски Автомобил во Македонија за 2024 година
- Најпосакуван Електрифициран Автомобил во Македонија за 2024 година
- Најпосакуван Премиум Автомобил во Македонија за 2024 година
- Главна Награда – Најпосакуван Автомобил во Македонија за 2024 година
Ние, организаторите подготвивме материјали за сите учесници со цел подобро да ги запознаете сите финалисти и да го дадете вашиот глас за возилото кое мислите дека највеќе заслужува.
Гласањето трае од 15ти до 31ви Март 2024 година, а победниците ќе бидат објавени на 1ви Април!
