Вчеравечер во хотелот Александар Палас по 24ти пат се одржа манифестацијата по повод официјално доделување на наградата Автомобил на годината во Македонија за 2019 на која оваа година наградата ја доби новиот Ford Focus! Освен Ford Focus награда доби и новиот Citroen C5 Aircross за “SUV на годината”.
Во изборот за Автомобил на годинaта беа 5 автомобили- Ford Focus, KIA Ceed, Citroen C5 Aircross, Volvo XC40 и Opel Grandland X. Националното жири според неколку критериуми како што се: возни својства, високо ниво на стандардна опрема, современа палета на Euro 6d Temp мотори и понуда на нашиот пазар титулата за Автомобил на годината во Македонија му ја додели на новиот Ford Focus со освоени вкупно 69 поени.
Честитки за победниците!










