Новиот Focus и Fiesta од 2020 година ќе бидат достапни со mild hybrid технологија!
Според Ford, со овој хибриден систем потрошувачката на гориво ќе биде доста намалена(плус ќе заштедите пари за горивo).
Како и секој друг mild hybrid систем, работи на начин што нормалниот алтернатор е заменет со генератор кој ја зачувува изгубената енергија додека кочите, а потоа таа енергија се користи за полнење на 48v батерија.
Користи 1.0 EcoBoost 3-цилиндарски турбо-бензински мотор, а boost-от од електромоторот дава повеќе сила при забрзување и ја пополнува празнината оставена од турбо-лаг.
Конкретно во оваа изведба, турбото е заменето и ставено е поголемо што значи се добива повеќе моќност-вкупната сила на моторот е 157 коњски сили.
Кога возите со максимум сила, електромоторот не додава ништо плус туку снажниот турбо-бензински мотор си ја врши работата.Кога сте на пониски вртежи и кога ќе ја притиснете педалата за гас до крај тогаш се добива таа асистенција од електромоторот и тој лаг се пополнува за неколку секунди.Инженерите тоа го викаат ‘Torque supplementation’.
Доколку возите нормално и не ја притискате педалата за гас до крај, електромоторот превзема дел од работата на турбо-бензинецот и со тоа значајно се намалува потрошувачката на гориво.Инженерското име за ова е ‘torque substitution’.
Ford исто така изјави дека во иднина сите нови модели од брендот ќе бидат достапни барем со по еден хибриден погон!
