Glory 580 e SUV модел со 7 седишта на производителот Dongfeng Sokon. Минатата година го имав на тест Glory 580 во Luxury нивото на опременост, а сега е достапно ново Intelligence ниво со многу побогата стандардна опрема.
Од надвор, возилото има малку различен и помодерен преден и заден браник, поставени се и нови LED предни и задни светла. Добива и нови 17-инчни алуминиумски бандажи со црвени шепи на кочниците, како и хромирани лајсни околу страничните прозори.
Ентериерот сега има поквалитетни материјали, а добива и нов Infotainment систем со 9-инчен дисплеј со подобра графика кој е поставен на горниот дел од централната конзола. Новост е и панорамскиот сончев кров со автоматско отворање, а добивате и кожни седишта со електрично подесување на возачкото седиште. Покрај предните и задните паркинг сензори, во ова ниво имате и камери за паркирање со преглед од 360 степени.
Glory 580 е достапен само со 1.5-литарски турбо бензински мотор со 150 коњски сили. Силата ја пренесува на предните тркала преку 6-степен мануелен менувач или автоматски CVT менувач.
Цената на DFSK Glory 580 во ова највисоко Intelligence ниво со CVT менувач изнесува 18.990 евра.
Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на ABC Brother!

































