Новата Opel Frontera, достапна со хибриден и целосно електричен погон, влегува на пазарот. Германците се пофалија со првите цени на овој модел. Ова се претпоставува дека е најсилната карактеристика на овој кросовер.
Марката од Раселсхајм се фокусира на кросовери. Во понудата моментално има два модели – Crossland и Mokka. Сепак, првиот се повлекува и прави простор за неговиот наследник. Ова е Opel Frontera – иконското име се врати на пазарот, иако во сосема поинаква форма. Овде зборуваме за автомобил од Б-сегментот, со кросовер каросерија и два типа на погон под хаубата. Германците ја покажаа првата копија од производната линија и ги открија и цените на овој автомобил.
Opel Frontera е поевтина од Mokka. Позиционирањето на овие модели е јасно нацртано. Засега зборуваме само за цени во Германија. Па така, во Германија Frontera започнува од 24.000 евра за варијантата со mild-hybrid погон под хаубата. Зборуваме за комбинација од 1.2-литарскиот PureTech мотор и мала електрична единица. Целиот комплет нуди 100 коњски сили, а силата се испраќа на предните тркала преку 6-степен автоматски менувач со двојна спојка.
Втората опција е целосно електрична. Овде, сепак, Opel сè уште не сака да се пофали со точната спецификација, само нагласувајќи го досегот кој надминува 300 километри. Сличноста на овој дизајн со Citroen e-C3 сугерира дека станува збор за батерија со капацитет од 44 kWh и мотор кој генерира 113 коњски сили. Opel Frontera Electric има почетна цена од 29.000 евра. За ваков тип на автомобил ова е навистина добра цена, сепак цените за нашиот пазар нема да бидат исти и најверојатно ќе бидат за нијанса повисоки, но тоа ќе го знаеме за неколку месеци кога новата Frontera ќе пристигне во Македонија.
На премиерата во Истанбул, извршниот директор на Opel, Florian Huettl изјави: „Оваа година славиме 125 години од производството на автомобили во Opel. 125 години во кои секогаш одевме напред, нудејќи им на клиентите иновативна, практична и пред сè достапна мобилност. Целосно новата Opel Frontera сето цврсто го потврдува и за иднината, преку својата: извонредна флексибилност, пространост и електрифицирани верзии. Нашиот нов SUV ќе ги освои новите групи на клиенти.“
За време на презентацијата германскиот бренд исто така објави дека новата Opel Frontera нема да има место само за пет лица, туку во иднина овој модел ќе биде достапен и со седум седишта. Тоа ја прави новата Frontera идеален автомобил за превоз на колеги, пријатели или целото семејство.
Нивоата на опременост кај Frontera се подеднакво јасно поставени за клиентите. Ова возило ќе биде достапно или како Frontera или како Frontera GS. Дури и почетното ниво на опременост е значително опремено. GS нивото на опременост ќе има и системи како мултимедијален инфозабавен систем со 10-инчен екран на допир во боја, навигација, како и камера за возење назад. Клиентите на Frontera можат дополнително да го прилагодат возилото, кон своите желби и потреби, преку двата опционално достапни пакети.
Opel исто така овозможува процесот на купување на новата Frontera да биде појасен и многу полесен. Новата Frontera наскоро ќе биде првиот модел на Opel којшто ќе може да се нарача дигитално преку т.н. „one-scroll-искуство“. Веб страните на брендот се оптимизирани и лесни за користење преку нивната прилагодливост кај која било големина на мобилен уред/таблет, така што корисниците можат едноставно да прелистуваат и кликнуваат на изборот. Во иднина, потенцијалните клеинти ќе можат да го купат возилото онлајн, од удобноста на нивниот дом или како ѝ до сега, со посета на нивниот увозник или овластен дилер во регионот.










