Делфино Мобилити Груп ја доби наградата за најдобар салон на GEELY за 2024 година

Со особена чест и гордост сакаме да соопштиме дека Делфино Мобилити Груп, ја доби наградата за најдобар GEELY салон во 2024 година. Признанието беше доделено на свечена церемонија во Хангџу, Кина, од страна на GEELY AUTO, еден од најголемите и најиновативни автомобилски производители во светот.

Оваа награда претставува значаен момент за нашата компанија и признание за континуираната посветеност, професионализам и тимска работа во претставувањето на брендот GEELY на македонскиот пазар. Таа е резултат на заедничките напори на целиот тим на Делфино Мобилити Груп – од продажба и постпродажба, до маркетинг, администрација и логистика – кои секојдневно работат со една заедничка цел: да го донесат врвното GEELY искуство до македонските потрошувачи.

Нашата визија отсекогаш била јасна – да изградиме доверба во еден нов, квалитетен и технолошки напреден бренд како што е GEELY, и да покажеме дека на македонскиот пазар постои простор за квалитетна алтернатива која нуди модерен дизајн, напредна технологија и одличен сооднос помеѓу цена и добиена вредност.

Наградата за најдобар салон е потврда дека се движиме во вистинската насока, и дека нашите вредности – посветеност кон клиентите, транспарентност, иновативност и професионален пристап – се препознаени и од самата компанија GEELY AUTO на меѓународно ниво. Голема благодарност упатуваме до GEELY AUTO за довербата и поддршката, до сите наши вработени за вложениот труд, како и до нашите клиенти кои се одлучија да ѝ дадат шанса на GEELY. Ова признание е за сите нас.

Со оваа награда, добиваме дополнителна мотивација и обврска да продолжиме со уште поголем ентузијазам, да растеме и да бидеме уште подобри – за нашите клиенти, за брендот GEELY и за иднината на мобилноста во Македонија.