Defender во Џез авантура – ексклузивен спонзор на Скопски Џез Фестивал

Defender како партнер на Скопскиот џез фестивал влегува во инспиративна приказна со оваа водечка културна манифестација, која има извонредна репутација во Европа и светот. Соработката со Скопскиот џез фестивал се наметна како природна емотивна врска. Defender ги следи принципите на модерниот луксуз и зрачи со уникатност, создавајќи доживувања кои се паметат. Со мотото „Зграпчете го невозможното“ Defender се обраќа на авантуристичкиот дух на  својата публика. 

Британската марка, нескриено го почитува своето наследство, оригиналниот Land Rover од 1948 година и недвосмислено вложува во културни настани кои очигледно со генерации допираат до срцата на публиката. Скопскиот џез фестивал по фасцинантен 43-ти пат ќе ги собере почитувачите на еден од најслободните, најуникатните, најотмените музички правци и вонсериските светски џез уметници на едно место, па Defender ќе се најде меѓу своите, слободоумните трагачи по нови искуства. 

Авантурата, слободата и истражувањето го дефинираат Defender, а воедно и вљубениците во џезот, публика со истенчен музички вкус, која бара бегство од конвенционалното музичко секојдневие. 

Во чест на смелата синергија со 43-тиот Скопски џез фестивал, за време на фестивалските денови од 17-20 октомври, пред влезот на Националната опера и балет, ќе биде изложен моделот Defender 110. Избран наменски за оваа пригода: жесток, мускулест и темен како контратежа на бруталистичките линии на објектот, креирајќи неповторливо Defender искуство во живо. Во внатрешноста со темна премиум кожа, со панорамски покрив, и иновативен аудио систем Meridian што севкупно совршено одговара за преслушување на секоја фуриозна џез импровизација. 

Единствена можност да нурнат во светот на авантуристичката британска марка и во ритамот на џезот имаа сопствениците и пријателите на Defender и Аутомобили Гроуп, ден пред официјалниот почеток на Скопскиот џез фестивал. Настанот се одржа во меката на скопскиот модерен џез, кафулето Филхармонија, каде гостите можеа да уживаат во уникатното искуство за сите сетила. 

За музичкиот перформанс беше задолжен еминентниот мултимедијален музичар Џијан Емин со The New Jazz Messengers. Секогаш трудејќи се да наметне нова звучна естетика, се претстави со авторска џез музика, носејќи ги присутните на вонсериско емотивно музичко патување. 

Повеќе за Defender може да дознаете на следниот линк :https://macedonia.landrover.com/defender/overview