Целосно новиот Renault Rafale пристигна во Македонија

Новиот Renault Rafale отсега официјално достапен и на македонскиот пазар. Ова е најмоќниот и најскапиот модел во понудата на марката. Rafale е новата врвна лига во гамата на овој француски бренд. Ова е SUV модел, кој гарантира добра продажба. Исто така достапни се две хибридни погонски верзии, има погон на четири тркала и изненадува со пријатен дизајн.

Renault Rafale е новиот „flagship“ модел во понудата на брендот. Елегантните лимузини се минато…Клиентите на многу брендови очекуваат нешто сосема поинакво, а теренците, како што се испоставува, се совршен одговор на нивните потреби. Тешко е да се каже дали се работи за маркетиншка магија или само за совршено позициониран автомобил. Вака водечкиот автомобил во гамата на Renault станува Rafale – теренец изведен од моделот Austral.

Сепак, тоа нема да го забележите на прв поглед. Ова не е само Austral со различно тело. Напротив, дизајнерите се одлучија за комплетно нов дизајн, малку поостар и визуелно многу привлечен. Дополнително, овде се вградени гените на моделот Espace (новиот, се разбира), бидејќи од него беше позајмена платформата.

Резултатот е долго меѓуоскино растојание од 2,74 метри. А тоа значи пространа внатрешност, голем багажник (капацитет од 530 литри) и многу простор за секого. Вкупната должина надминува 4,7 метри, а стаклениот покрив се протега над кабината, со димензии 1.470 на 1.117 милиметри.

Ентериерот е позајмен од Austral и Espace, но тоа е добра работа. Renault Rafale доби познат изглед на кокпитот. Новина овде е модифицираниот мултимедијален софтвер (сеуште базиран на Google Automotive) и други подобрени завршни материјали. Целината создава кохерентна композиција и одлично кореспондира со агресивно стилизираното, но исклучително оптички конзистентно тело.

Renault Rafale е достапн во две нивоа на опременост – Techno и спортската Esprit Alpine. Во однос на погонските единици, основната верзија е E-Tech full Hybrid – односно станува збор за 1.2-литарски трицилиндарски турбо-бензинец спарен со мала батерија и електромотор. Вкупната системска моќност е 200 коњски сили, а силата се испраќа на предните тркала преку автоматски менувач.

Втората верзија, која го прави Rafale најмоќниот модел во понудата на брендот е всушност E-Tech Plug-in Hybrid. Тука работи истиот 1.2-литарски мотор кој е поврзан со батерија од 22 kWh капацитет и секако моќен електромотор. Вкупната моќност тука изнесува 300 коњски сили, а благодарение на 4 Control погонот на сите четири тркала забрзувањето до 100 км/ч трае 6.4 секунди. Дополнително, импресивен е и досегот во чисто електричен режим – Renault ветува автономија од 100 километри со полна батерија.

Повеќе информации за автомобилот може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Renault.