Глобалната визија на Toyota да обезбеди решенија за мобилност за секого и да не остави никого зад себе, важи и за палетата на комерцијални возила, визија која е олицетворена во програмата Toyota Professional.
Приказната на Toyota во производство на комерцијални возила датира од 60-тите години на минатиот век, кога го лансираше легендарниот Hilux и Hiace во Европа. Оттогаш. овие возила се здобија со светска репутација за квалитет, издржливост и сигурност.
Во 2016 година, Toyota започнува да ја креира приказната за Toyota Proace. Оттогаш, брендот ужива во растот на овие возила од година во година во Европа – и во однос на продажбата, но и во однос на уделот на пазарот.
Производната линија на комерцијални возила се зајакна со Proace City кон крајот на 2019 година и дополнително со претставувањето на Proace и Proace City Electric во 2021 година. Минатата година Toyota постигна рекордна продажба од 140.000 единици во Европа што претставува рекорден пазарен удел од 5.7%.
Понудата на комерцијални и бизнис возила на македонскиот пазар се состои од:
Toyota Proace City:
- комерцијална избедба со носивост до 1000 кг
- патничка изведба со можност 6+1 места за седење
Toyota Proace:
- комерцијална изведба со носивост до 1200 кг
- патничка изведба со можност за 8+1 места за седење
Toyota Hilux:
- легендарното и ненадмидливо теренско возило за движење без граници
Toyota Aygo X N1:
- вашиот мини партнер за макси добивка
Toyota Proace Max – ќе биде достапен наскоро.
Toyota Professional е многу повеќе од стратегија за комерцијална возила и нуди грижа за клиентите на секој чекор од патот.
- Гаранција Toyota Relax – при редовно сервисирање на возилото во овластен Toyota сервисен центар клиентите добиваат 1 година дополнителна гаранција, до 10-тата година или 185.000 километри.
- Финансирање на комерцијални возила – специјализирани пакети за финансирање кои се прилагодени на потребите на вашиот бизнис.
- Доколку се соочите со било каков проблем на вашето возило, бесплатната помош на пат во рамките на 3 години е тука за вас, 24 часа на ден, 365 дена во годината, за да обезбеди помош за повторно движење на вашиот бизнис или да го однесете возилото до најблискиот овластен Toyota сервисен центар на поправка.
За повеќе информации околу возилата и финансирањето посетете ја официјалната веб страна – https://www.toyota.com.mk/






























