Поради тоа што поминаа скоро 50 години од раѓањето на 2002 Turbo, модел кој го направи светот поинтересен со неговото постоње!- BMW одлучи да направи лимитирана изведба на M2 Competition и го носи името Heritage Edition, да прослави за славниот 2002 Turbo модел.
BMW ќе направи само 40 примероци од оваа специјална едиција на М2 Competition.Што има плус во оваа Heritage Edition изведба? -поголеми кочници, подобрен управувач, моторот е 3.0-литарски twin-turbo превземен од M4 и детјуниран со што сега има 410 коњски сили – добивате и многу делови кои се од вистински карбон.Работи како, ретровизорите, предната маска, задниот дифузер, издувните завршетоци, заден спојлер и така натаму…
А секако, бидејќи се работи за лимитирана изведба ги има и познатати BMW моторспорт бои, ставени по страните и на предниот браник на возилото- и изгледа предобро!
М2 Competition е еден прекрасен автомобил, а со додавање на моторспортниот кредибилитет изгледа уште подобро, нели?
Не се возбудувајте премногу бидејќи за крај морам да ве разочарам…сите 40 примероци се наменети само за Франција.
Цената започнува од 75,000€, што е околу 17,000€ повеќе од стандардното M2 Competition. Што мислите дали вреди за цената?











