BMW 4 Series Coupe

Новата BMW Серија 4 е претставена со доста забележителен изглед за кој главен виновник е големата предна решетка.

Кога станува збор за историја и претставителност во купе сегментот, ретко кој од големите автомобилски гиганти може да се спореди со BMW. Оваа нова Серија 4 е тука да ја заврши работата која ја започнале нејзините предци. Иако ја дели платформата со Серија 3, за овој модел се направени неколку промени кои допринесуваат за поспортско чувство при возење. Најголем допринос има стандардната М sport суспензија.

Да позборуваме за новиот дизајн кој е виновник да овој автомобил е 128мм подолг, малку поширок и со поголемо меѓуоскино растојание за 41мм од својот претходник. Но, ајде да преминеме на главното – големата вертикална решетка. Смело… многу смело… дизајнерите велат дека со овој дизајн BMW се враќа на корените од минатото кога “бубрезите” биле со поголема висина наместо ширина. Ова всушност е и една од најголемите разлики со Серија 3, која секако ќе привлекува внимание на улиците, а за тоа какви ќе бидат реакциите… времето ќе покаже. Овие нови “бубрези” се надополнети со целосни хексагонални LED фарови или опционални фарови со Laserlight технологија. Гледајќи го овој автомобил од страна многу наликува на Серија 8 – опаѓачка кровна линија која завршува со мал спојлер. Задниот дел исто така се разликува од Серија 3, односно има поголеми штопови и на задниот браник се наоѓа мал дифузер со два излези за издувот.

Иако екстериерот е многу различен во споредба со секој друг автомобил од BMW, внатрешноста ќе им биде доста позната на купувачите. Централната конзола е идентична како онаа на Серија 3 со стандарден 8.8-инчен екран и делумно дигитална инструмент табла. Како опција ќе биде достапен поголем, 10.25-инчен централен дисплеј или BMW Live Cockpit Professional опцијата со 12.3 инчна дигитална инструмент табла. Предни спортски седишта се стандардна опрема за овој автомобил кој е стриктно наменет за 4 патници. Стандардно добивате делумно кожни седишта, а може да одберете помеѓу 5 различни бои со опција за целосно кожни седишта.

48 волтна mild-hybrid технологија ќе се најде низ целата понуда на дизел мотори, како и на сега за сега најмоќниот M440i бензински модел кој има 3.0-литарски 6 цилиндарски мотор, а благодарение на оваа технологија се намалува емисијата на штетни гасови и се намалува потрошувачката.

За почеток, само еден дизелски мотор ќе биде понуден на купувачите и тоа 420d кој има 2.0-литарски мотор кој произведува 190 коњски сили и 400Nm вртежен момент и достапен е со опционален xDrive погон на сите четири тркала. Бензинските агрегати се 420i (без mild-hybrid технологија) кој е всушност 2.0-литарски мотор кој произведува 185 коњски сили и 300Nm вртежен момент, доволен да го забрза овој автомобил до 100 километри на час за 7.5 секунди. Појакиот, 430i го користи истиот мотор, но во оваа изведба има 260 коњски сили. Најмоќниот бензински мотор е M440i xDrive кој со помош на 375 коњски сили и 500Nm вртежен момент го забрзува овој автомобил до 100 километри на час за 4.5 секунди. Сите модели стандардно доаѓаат со 8-степен Steptronic автоматски менувач.
Во Март 2021 година во понудата ќе бидат достапни и 430d и M440d xDrive, а двете верзии користат 3.0-литарски дизел мотор.

ГАЛЕРИЈА

Виктор Чемерикиќ

Виктор Чемерикиќ

Љубител на автомобили уште од 1997, основач на вебсајтот ”CarsByVik” и професионален автомобилски фотограф.

Остави коментар