BMW го претстави новиот хот-хеч кој го носи името 128ti

Ова е новиот BMW 128ti – најновата понуда на германскиот бренд во високо конкурентската хот-хеч класа. Овој модел ја оживува познатата ознака „ti“ на BMW по пауза од повеќе од 15 години.

Под хаубата, се наоѓа 2.0-литарски турбо-бензинец кој го користи и MINI John Cooper Works, но тука моќноста е зголемена на 265 коњски сили и 400 Nm вртежен момент. Ова овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за 6.1 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 250 км/ч. За разлика од најмоќната верзија на BMW Серија 1 – моделот M135i, моторот на 128ti силата ја испраќа само на предните тркала – иако го задржува истиот осумстепен автоматски менувач. BMW на овој модел додаде и Торсен механички limited-slip диференцијал, за кој компанијата вели дека ќе ја подобри тракцијата со пренасочување на моќноста на тркалото со најмногу грип.

За поддршка на новиот погонски систем, BMW вгради голем број надградби на шасијата, вклучувајќи четири клипни моноблок M Sport сопирачки, спуштена суспензија, поцврсти anti-roll барови и Michelin Pilot Sport 4 гуми. Во споредба со M135i, вкупната тежина на возилото е намалена за 80 килограми со што се добива подобрено управување и забрзување.

Исто така, постојат и неколку суптилни измени на надворешноста што го издвојуваат 128ti од другите верзии на Серија 1. Вклучен е поагресивен бодикит и пошироки странични прагови, како и нов преден сплитер, заден карбон дифузер и црвени акценти на браниците. Ретровизорите се направени од лакиран карбон, додека купувачите можат да изберат 18-инчни или 19-инчни алуминиумски тркала.

Внатрешноста, исто така, добива минимално дотерување што вклучува алкантара M Sport волан, спортски bucket седишта, алуминиумски педали, брендирани безбедносни појаси и уникатна графика на дигиталната инструмент табла и инфозабавниот систем. Како опција, може да земете и 9.2-инчен head-up дисплеј.

More Stories
Volvo Open Doors Weekend во Скопје!