Ова се новите BMW X5 M и X6 M Competition кој добиваат нов имиџ и моќен V8 мотор. По стандардните „цивилни“ верзии, дојде време за освежување и нс моделите кои будат многу емоции. BMW X5 M и X6 M не само што претрпеа измени во изгледот, туку се и механички подобрени. Покрај тоа, нов хибриден систем го има своето деби во М модел. Што е ново кај овие автомобили?
Германските дизајнери значително го променија имиџот на спортското издание на моделите X5 и X6. Најпрво, фејслифт верзијата доби сосема нов и различен преден дел. Фаровите тука се идентични со стандардните модели, но браникот и решетката се сосема друга приказна. Покрај тоа, тие се делумно обоени во црна боја, што ги прави малку да личат и на моделот XM. Самата решетка има поинаков облик – бубрезите се поголеми и поаголни. Па така, тие формираат кохерентно семејство со моделот M3 / M4 и XM. На задниот дел, има козметички промени на браникот и нови светла. Но, тука нема револуција.
Слични промени се направени и кај X6 M. Овде, секако, карактеристична е закосената линија на каросеријата во задниот дел. BMW сè уште има многу љубители на овој стил, а X6 е еден од најпопуларните модели на марката. Задниот дел кај X6 M не претрпе драстични промени во споредба со пред фејслифт верзијата, а реално не се ни потребни.
Како и во стандардните верзии, X5 M и X6 M добија нови заоблени екрани кои се вградени над контролната табла. Панелот за климатизација исто така исчезна, отстапувајќи им место на панелите на допир скриени во мултимедијалниот систем. X5 M и X6 M се исто така визуелно дотерани благодарение на атрактивните лопатки зад воланот, интересниот тапацир и спортските седишта. Љубителите на брзото возење и импресивниот дизајн нема да бидат разочарани.
V8 моторот остана под хаубата, но сега е поддржан од благ хибриден систем. BMW X5 M и X6 M, сепак, не добиваат зголемена моќност. Можностите на 4,4-литарскиот V8 останаа на исто ниво. Тоа значи 625 коњски сили и 750 Nm вртежен момент подготвени за работа во сите услови. Mild-Hybrid системот испорачува 12 коњски сили и 199 Nm вртежен момент дополнителна помош при стартување. Ова е за да се ослободи моторот со внатрешно согорување, да се подобри реакцијата на педалата за гас и, пред сè, да се влијае на потрошувачката на гориво.
Хибридниот систем од 48 волти е интегриран во 8-степениот автоматски менувач. Така што е многу компактен и не влијае на просторот во кабината.
Достигнувањата не разочаруваат. Спринтот до стотка трае само 3.9 секунди, а максималната брзина – со отстранување на ограничувачот изнесува 280 км/ч.


































