По неодамна претставените Audi S5, Audi S6 и Audi S7 Sportback, сега на ред е Audi S4 кој го добива истиот нов хибриден V6 турбо-дизел мотор.
Како и во другите S модели , 3.0-литарскиот мотор произведува 347 коњски сили и 700 Nm вртежен момент, силата се пренесува на сите четири тркала преку осум степенски автоматски менувач.На S4 седанот да стигне до 100 км/ч ќе му требаат 4,8 секудни, додека на S4 Avant му требаат 4,9 секунди-максималната брзина е електронски ограничена на 250 км/ч.
Моторот располага со поголем турбополнач и мал електричен компресор.Компресорот автоматски се активира секогаш кога моторот ги надминува можностите и ќе го достигне лимитот на турбополначот, при што Audi тврди дека системот го намалува турбо заостанувањето. За да се подобрат економичноста и емисиите, новиот mild hybrid систем на S4 се состои од 48-волтен алтернатор/стартер, литиум-јонска батерија од 0,5kWh и систем за зачувување на енергијата.Просечната потрошувачка би требало да биде околу 6,3 литри на 100 изминати километри и 164-165гр CO2 на километар.
Што мислите за оваа одлука на Audi-сите нови S модели да бидат со дизел мотор?











