Убаво е што се создаваат нови интересни автомобили кои немаат некоја смисла. Факт е дека голем дел од љубителите на автомобили би сакале нешто спортско и подостапно, но Audi реши да претстави уникатна „off-road“ Dakar верзија за електричниот Q8 E-Tron.
Audi Q8 E-Tron Dakar Edition не е ограничен на само неколку налепници, натписи и шарени украси. Напротив, Германците всушност го „надградија“ својот електричен теренец. И сето тоа за да славиме уште еден почеток на фабричкиот тим на брендот во релито Dakar. Q8 E-Tron Dakar Edition има солидно подигната суспензија и стои на теренски пневматици. Марката од Инголштад создаде автомобил кој целосно противречи на претпоставките на добар електричен автомобил. Нема да биде економичен (поради зголемената висина и гумите), а во исто време е и многу побавен. Така, можеме слободно да кажеме дека ова е автомобил наменет за многу мала група клиенти.
Сепак, техничките податоци изгледаат изненадувачки добро, се разбира за овој тип на автомобил. Растојанието од земјата е зголемено за 65 mm и сега изнесува 206 mm. Последната вредност не остава многу впечаток кај љубителите на теренот, но ќе го олесни совладувањето на полесниот терен. Аголот на пристапување овде се зголеми на 20 степени, а аголот на заминување на 26 степени. Аголот на рампата е 19 степени. Нема ништо лудо во тоа, особено затоа што има батерија одоздола, која е подобро да не се оштети.
Кај оваа верзија воздушната суспензија има комплетно нов модифициран софтвер. Сето ова за да се осигура дека удобноста при возењето со подигната суспензија е доволно висока. И кога патувате по автопат и со поголема брзина, суспензијата постојано се спушта за да обезбеди подобро управување. Тркалата добија и поширока патека – за 39 mm. За таа цел беа користени елементи од Audi SQ8 E-Tron.
Под десната нога на располагање се 408 коњски сили и 664 Nm вртежен момент. Таквата моќност и висок вртежен момент треба да бидат доволни кога играте на терен, кога треба да се извлечете од тешка ситуација. Благодарение на Quattro погонот на сите четири тркала, забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 5.9 секунди. Додека батеријата од 114 kWh обезбедува досег до 487 километри.
Audi Q8 E-Tron Dakar Edition ќе се лансира во три бои: Magnetic Gray, Siam Beige и Mythos Black, а последната е стандардна. Стандардната опрема, освен General Grabber AT3 гумите, вклучува и багажник за покрив со носивост од 40 килограми.
Во германија цените за оваа специјална верзија започнуваат од 120.000 евра.





















