Performance моделот на купе SUV моделот на Audi е тука! Во срцето носи 4-литарски битурбо V8…ДИЗЕЛ !? Да, трендот на спортски “S” модели на Audi придвижувани од дизел мотори продолжува. За вистинските обожаватели на автомобили тоа е многу тажна вест, но во еден дел овие нови генерации се зачудувачки – имаат енормно високи Nm вртежен момент. SQ8 има неверојатни 900Nm вртежен момент и 435 коњски сили. Со помош на 8-степен автоматски менувач, забрзувањето до 100 км/ч трае 4.8 секунди, а максималната брзина е електронски лимитирана на 250 км/ч.
Двете турбини се поставени во внатрешноста на “V” од блокот, за кое Audi тврди дека допринесува за подобар “engine response”. За да се намали феноменот на turbo-lag, едната турбина е активна во ниските вртежи, додека втората се активира над 2,200 вртежи во минута. Електричен компресор е дополнително задолжен за асистирање на турбото при тргање и возење со ниски брзини. За да биде удобен и за секојдневно возење, како стандардна опрема доаѓа адаптивната воздушна суспензија, како и Audi Drive Select. Дополнителна опрема за оние кои сакаат поспортско возење е напредната суспензија која додава four wheel steering, спортски диференцијал и најновите електро-механички anti-roll bar-ови.
За разлика од стандардниот Q8, ЅQ8 е “почастен” со 21-инчни бандажи, поагресивен bodykit со нов дифузер на задниот браник низ кој излегуваат четири овални украси од издувот. Поголеми 22-инчни бандажи, HD Matrix LED фарови, црвени шепи на кочниците и carbon-ceramic кочници се само дел од дополнителната опрема.
Во внатрешноста ovoj SUV ги има сите потребни спортски детали. Спортски седишта со кожа и алкантара, метални педали и дигитална инструмент табла. Како стандардна опрема се voice control, WiFi hotspot, Android Auto и Apple Car Play. За управување со infotainment системот како и клима уредот, задолжени се двата екрани кои се поставени во средината на централната конзола.
Бидејќи ова е голем SUV и покрај целиот “coupe” став, Audi нуди цела палета на помошни ситеми кои би го олесниле секојдневното возење во сообраќајот. Дел од нив се: adaptive cruise control, traffic jam assist, active lane assist и 360-степени камера. Новитети се maneuvering assist и curb warning. Првиот помошен систем ветува дека ќе ги превенира/намали малите удари (кои најчесто се случуваат на паркинг, при многу ниски брзини) со мали корекции при вртење и кочење, додека вториот се грижи да големите бандажи останат недопрени поради невнимание од возачот.










