Audi го претстави новиот A1 Citycarver

Љубители на мали SUV урбан возила, имаме добра вест! Audi го претстави А1 Citycarver- инспириран од off-road возилата со повисоко поставена суспензија и “груби” додатоци на екстериерот.

Овој модел ќе може да се нарача од Август, за веќе во поладните денови да биде доставен на купувачите. Промените во споредба со стандардниот А1 се повисоко поставени отвори за воздух, црни пластични оквири на полумесеците, редизајнирани off-road странични прагови и заштитници од удари под автомобилот во stainless-steel. На предниот дел е поставена огромната решетка со чија помош овој автомобил личи на поголемите браќа од Q семејството.

Иако оваа верзија е за 4 сантиметри повисока од стандардниот А1, сепак купувачот има можност да додаде детали за поспортски изглед како што се 18 инчни бандажи и Audi dynamic package кој нуди адаптивна суспензија заедно со црвени шепи за кочниците.

Стандардно ова урбано возило доаѓа со 16 инчни бандажи, LED фарови, S-line спојлер на багажникот, дигитална инструмент табла, 10.1 инчен infotainment систем, адаптивен cruise control, lane departure warning, park assist и избор од три бои за внатрешноста. За надворешноста може да се изберат дури 9 бои и сите се нудат со контрастен црн или сив кров. (баш е шик нели!?)

Иако моторите кои ќе се нудат во овој модел сеуште не се официјално објавени, претпоставките се дека изборот ќе биде од исклучиво турбо-бензински мотори почнувајќи од 1.0-литарскиот со 95 коњски сили, па се до 2.0-литарскиот четири цилиндричен мотор со 200 коњски сили.

За сите “car guys/girls” на почетокот ќе биде понудена A1 Citycarver Edition One верзија – богато опремена со 18 инчни бандажи, затемнети фарови и штопови, црни додатоци на надворешноста и уникатна “Edition One” ознака. За оваа верзија ќе бидат понудени две опции за боја – Arrow Grey или Pulse Orange со контрастен кров.