2020 KIA Stonic & Rio

Во продажните салони на Киа Моторс Македонија пристигна новата VISION генерација на веќе познатите модели Rio и Stonic со збогатено ниво на опрема.
Понудата на КММ не престанува да го изненадува македонскиот пазар со новини во нивото на опрема, односно континуирано продолжува да ги поместува стандардите за основно ниво на опременост на автомобилите.

Моделите кои пристигнаа се генерациски 2020 година и во својата класа се надградени во внатрешноста и надворешноста. Градскиот кросовер во Б сегмент, Kia Stonic во EX Vision нивото на опрема доаѓа со збогатеност во надворешноста, односно во понудата се вклучени LED дневни и задни светла, ретровизори со LED трепкачи и електрично склопување, како и 15” тркала од лесна легура.

Кај моделот Kia Rio во нивото на опрема Ex Vision надополнувањето во внатрешноста е потпирачот за рака на централната конзола со кутија, а во надворешноста доаѓа со LED дневни светла, ретровизори со LED трепкачи и електронско склопување.

Киа Моторс Македонија продолжува да биде навистина интересен и привлечен автомобилски бренд кој одговара на барањата по сечиј вкус. Со освежувањето на моделите Rio и Stonic, не само што добиja нов надворешен лик, се збогатија и во внатрешноста, а сето тоа ги прави уште попривлечни и поконкурентни на македонскиот пазар.

ГАЛЕРИЈА

Виктор Чемерикиќ

Виктор Чемерикиќ

Љубител на автомобили уште од 1997, основач на вебсајтот ”CarsByVik” и професионален автомобилски фотограф.

Остави коментар