BMW ја претстави новата трета генерација на популарниот Coupe SUV- моделот Х6.
Новиот Х6 го задржува тој купеовски дизајн со покрив кој агресивно оди надолу од Б столбот. Добива уникатни хоризонтални задни светла, кои се протегаат речиси по цел заден дел, а тоа е една од големите разлики кои ги има во споредба со новиот X5. Друга нова опција е осветлената предна решетка, која се пали кога возачот ќе го одклучи или заклучи возилот. Исто така, може да ја уклучите да свети додека возите или пак целосно да ја исклучите.
Новиот Х6 е поставен на истата платформа како и најновиот X5, со што Х6 сега е подолг за 26мм, поширок за 15мм и понизок за 6мм во споредба со претходната генерација. BMW вели дека овие промени го намалуваат центарот на гравитација на автомобилот и целото возење е многу подобрено.
Ентериерот е многу сличен како и кај сите други нови SUV модели на BMW, стандардно добивате спортски седишта и специјален Sensatec материјал на централната конзола, 12.3-инчен дисплеј за Infotainment системот, како и дигитална инструмент табла со иста големина на дисплеј од 12.3 инчи., Wi-Fi hotspot, безжично полнење за вашиот телефон и многу друго… Багажниот простор останува ист како и во претходниот модел и на располагање имате 580 литри, а доколку ги спуштите задните седишта прераснува во 1.525 литри.
Кога станува збор за мотори- достапни се вкупно четири, од кои два се бензински и два дизел. Кај дизелите понудата започнува со X6 xDrive 30d, кој користи 3.0-литарски шест цилиндарски мотор со 266 коњски сили и 620Nm вртежен момент. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 6.5 секунди. Кај бензинците понудата започнува со X6 xDrive 40i и исто така, користи 3.0-литарски шест цилиндарски мотор со 340 коњски сили и 450Nm вртежен момент, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч тука трае 5.5 секунди.
‘flagship’ моделите се M50d и M50i- дизел верзијата има 3.0-литарски шест цилиндарски мотор со четири турбини, а тоа резултира со 400 коњски сили и 760Nm вртежен момент. Забрзувањето до 100 км/ч трае 5.2 секунди. Најмоќниот модел M50i користи 4.4-литарски твин-турбо V8 мотор кој има 531 коњски сили и 750Nm вртежен момент, а до 100 км/ч катапултира за 4.3 секунди.
Сите овие мотори стандардно се опремени со xDrive погонот на сите тркала и 8-степен автоматски менувач.




















