Ова е Mercedes-AMG CLA 35 Shooting Brake, најновиот перформанс модел на германскиот производител.
Во споредба со стандардниот модел, оваа AMG верзија вклучува нов сет од 18-инчни алуминиумски бандажи, нова предна решетка, нов преден и заден браник, пошироки странични прагови и преработен заден дифузер со поголеми издувни завршетоци. Како опција достапни се 19-инчни алуминиумски бандажи и AMG аеродинамичен пакет, кој додава поагресивен преден сплитер, нов спојлер и уште некои други детали.
Во внатрешноста, новиот CLA 35 Shooting Brake добива спортски седишта, мултифункционален AMG управувач, нова централна конзола, алуминиумски педали и најновиот MBUX infotainment систем со два екрани.Купувачите, исто така, можат да одберат кожни седишта и ултра спортски AMG седишта.


Моторот кој го користи овој модел е добро познатиот 2.0-литарски четирицилиндричен бензински мотор од хечбекот Mercedes-AMG A 35, произведува 305 коњски сили и 400 Nm вртежен момент.Моќта се пренесува на сите четири тркала преку 7-степен автоматски менувач со двојна спојка, а бидејќи CLA 35 Shooting Brake тежи повеќе од A 35, забрзувањето до 100 км/ч трае 4.9 секунди што е за 0.2 стотинки поспоро од A 35.
Исто така, и шасијата е променета, а надградбите вклучуваат-поголеми предни кочници, адаптивна суспензија и реконфигуриран систем за контрола на тракцијата со режим за “sport handling”.
За разлика од AMG A 35, системот за погон на сите тркала кај CLA 35 е променлив, а не перманентен.Задниот диференцијал е опремен со мулти-диск спојка, која може да ја менува распределбата на моќноста од погон само на предните тркала или пак да биде 50:50 на предните и задните тркала.Mercedes тврди дека овој систем нуди предности за економичност и пониска потрошувачка на гориво.
Како и сите AMG модели, новиот CLA 35 Shooting Brake, исто така, доаѓа со петте “dynamic select” модови за возење.Режимот “Comfort” ја исклучува задната оска и погонот е само на предните тркала, овозможувајќи пониска потрошувача на гориво, додека најагресивниот “Sport +” ја прави педалата за гас да реагира побрзо и подобро и се активира double-declutch downshift сетингот за трансмисијата.

