MINI ги претстави новите верзии на John Cooper Works Clubman и кросоверот John Cooper Works Countryman. Двата модели добиваат комплетно преработен мотор, сосема нов менувач и променет надворешен и внатрешен дизајн.
Под хаубата на двата модели е нов 2.0-литарски четирицилиндричен бензински мотор, како што имаше и претходно, но сега е малку променет и е ист како во BMW X2 M35i, а исто така овој ист мотор ќе се користи и за новиот BMW M135i. Mоќноста на моторот е зголемена за 75 коњски сили и сега има 305 коњски сили и 450Nm вртежен момент.Двата модели го имаат MINI ALL4 системот што е погон на сите четири тркала и доаѓаат со нов автоматски менувач со осум брзини. JCW Clubman до 100 км/ч забрзува за 4.9 секунди, додека JCW Countryman за 5.1 секунди-максималната брзина кај двата модели е лимитирана на 250 км/ч.
Исто така, новите модели добиваат и нов спортски издувен систем со двојни цевки, нова суспензија, нови кочници, како и некои промени на шасијата, а Countryman е за 10мм понизок од претходниот модел.Како опција сега достапна е и адаптивна суспензија.
Дел од стандардната опрема која ја добивате во двата модели вклучува: John Cooper Works спортски седишта, 18-инчни алуминиумски бандажи, LED предни и задни светла, 6.5-инчен дисплеј за infotainment системот заедно со вграден навигациски систем, задни паркинг сензори, задна паркинг камера, греење на предни седишта итн…











