Audi A4 е на пазарот околу 25 години и до сега се произведени повеќе од 7,5 милиони примероци.Најпродаваниот модел на компанијата сега доби фејслифт кој има променет надворешен изглед, нови мотори и малку променет ентериер.
Сегашната, петта генерација на А4 е веќе четири години на пазарот, но со претставувањето на новата BMW Серија 3, фејслифт моделот на Jaguar XE, новото Volvo S60 и фејсллифт моделот на Mercedes-Benz C-класа, Audi A4 некако како да заостануваше. Затоа Audi реши да го поднови својот најпродаван модел и тоа во исто време ги претстави сите верзии на А4-седан, караван и Allroad. А само хаубата, багажникот и покривот остануваат исти од претходниот модел.
Најголемите промени се на предниот дел, добива поголеми отвори за воздух заедно со целосно нов преден браник, а маската сега е поширока и е поставена пониско од порано и во зависност од нивото на опрема се добива различен дизајн.Нови се и предните LED светла кој сега се стандард на сите модели, а како опција достапни се Matrix LED светла.Назад исто така, добива нов браник и нови LED задни светла кои се слични на тие напред.Предните и задните крила сега добиваат поостри рабови над тркалата.Со промените на каросеријата новиот А4 е 5мм поширок и 22мм подолг од претходниот модел.
Внатре, ентериерот останува многу сличен како и до сега, но дисплејот за infotainment системот е поголем и е поставен на горниот дел од централната конзола.Големината на новиот дисплеј е 10.1 инчи и сега има подобра графика и екран осетлив на допир.Старото тркалце за infotainment системот кое беше поставено во средината на централната конзола е тргнато и на тоа место сега е поставен менувачот. Виртуелниот кокпит, исто така е малку дотеран и има различни дизајни.Head-up дисплеј е достапен како опција и како и досега, достапни се голем број на опционални пакети за понатамошна надградба на ентериерот.
Најбитните новости овој пат се под хаубата, освен 2.0(40 TDI) и 3.0(50 TDI) дизел моторите, сите други добиваат mild-hybrid технологија.
Двата нови 2.0-литарски дизел мотори – 30 TDI кој има 136 коњски сили и 35 TDI кој има 163 коњски сили, како и три 2.0-литарски турбо-бензински мотори ( 35 TFSI со 150КС, 40 TFSI со 190КС и најјакиот 45 TFSI со 245КС), одсега сите овие се опремени со 12-волтен електричен систем за mild-hybrid и електричниот компресор. Спортската S4 верзија, наместо стариот 3.0-литарски V6 турбо-бензинец, сега добива 3.0-литарски TDI дизел мотор со 346 коњски сили и 48-волтен mild-hybrid систем кој развива 700 Nm вртежен момент.
Продажбата на новиот Audi A4 би требало да започне во Септември оваа година.



















