Audi A6 достапен во Black Edition изведба!

Audi го претстави Black Edition нивото на опрема , кое сега е достапно на најновите A6 седан и А6 караван. Audi A6 Black Edition е највисокото ниво на опрема кое е базирано на популарното S-Line ниво, но со неколку црни стајлинг измени.

Најголемата промена се новите алуминиумски бандажи.S-Line верзиите имаат 19-инчни бандажи, додека Black Edition моделите добиваат нови 20-инчни V-spoke бандажи во мат титаниум боја.
Надворешниот дизајн е променет со додавање на затемнети задни стакла,предна решетка, предни отвори за воздух, ретровизори и заден дифузер кој сега се во црна боја, а на караванската изведба и шините на покривот се исто така во црна боја. Ова се единствените промени кои ги има на надворешниот изглед.Во кабината е исто како и во S-Line моделите кој се опремени со предни спортски седишта кои се во комбинација на алкантара и кожа и перфориран спортски волан.

Опремата која ја добивате е исто така како и во S-Line.Најновиот infotainment систем кој доаѓа со два дисплеи е стандард, но може да се надгради со Technology пакетот кој вклучува Google Maps навигација, поголем 10,1 инчи долен дисплеј и дигитална инструмент табла(Audi Virtual Cockpit) LED Matrix предните светла тука се стандард , кои во S-Line моделите се опција.
Black Edition нивото може да се конфигурира со сите мотори кои моментално се достапни за А6.