Audi S5 сега е достапен со нов дизел мотор и mild hybrid технологија и нуди подобрени перформанси и ефикасност.Откако пред некое време Audi објави дека ние во Европа ќе можеме да купиме само дизел S6 или S7, сега го претстави и S5 моделот кој исто така ќе биде достапен само со V6 дизел мотор.
Новиот 3.0-литарски дизел произведува 347 коњски сили и 700 Nm вртежен момент, а моќноста се пренесува на сите четири тркала преку 8-степен автоматски менувач.Двете верзии-S5 Coupe и S5 Sportback имаат електронски ограничена максимална брзина од 250 км/ч, а забрзувањето до 100 км/ч трае 4,8 секунди(S5 Coupe) и 4,9 секунди(S5 Sportback).
Моторот користи поголемо турбо, а тука е и мал електричен компресор кој му помага.Audi тврди дека ги неутрализира ефектите на турбо заостанувањето, при што системот автоматски се активира кога оптоварувањето на моторот ги надминува можностите на турбополначот.Додека во нормални услови на возење, електричниот компресор не е во употреба.Новиот mild hybrid систем на S5 се состои од 48-волтен алтернатор/стартер, литиум-јонска батерија од 0,5kWh и систем за зачувување на енергијата.
Освен новиот мотор, Audi нуди бројни надградби за шасијата на S5, вклучувајќи прогресивно управување, спортска суспензија и подобрена електронска платформа за шасијата која го контролира системот за погонот на сите четири тркала и реакцијата на педалата за гас.Исто така, како опција достапни се адаптивна суспензија и спортски диференцијал.
Надворешниот изглед има нов преден и заден браник, ретровизорите се во сребрена-алуминиум боја, преработен е дифузерот, сменет е дизајнот на предната решетка и поставен е нов издувен систем со двојни хромирани цевки.Предни и задни LED светла се стандард.Во ентериерот може да одберете помеѓу неколку видови на спортски кожни седишта, а како стандард добивате 12,3-инчен дигитален дисплеј кој е во замена за конвенционалната инструмент табла како и 8,3-инчен дисплеј за infotainment системот.






